Skip to main content

Борбата со туберкулозата продолжува и во 21-от век

Денес, активистите на Црвениот Крст од Охрид, на плоштадот „Чинар“, делеа едукативни материјали и  и даваа корисни совети за борбата со оваа болест, која сеуште претставува светски проблем.

 |  Крсте Голабоски  | 
tcb
tcb

Денес, активистите на Црвениот Крст од Охрид, на плоштадот „Чинар“, делеа едукативни материјали и  и даваа корисни совети за борбата со оваа болест, која сеуште претставува светски проблем.

„На потег против туберкулозата! Трансформирајќи ја борбата кон целосна елиминација на туберкулозата!”– Под ова мото, активистите на Црвениот Крст од Охрид, денес на плоштадот „Чинар“, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест. На светскиот ден за борба против ова инфективно заболување, беше заокружена едномесечната кампања која ја спроведе Црвениот крст од Охрид.

„Она што минатиот месец од Црвениот крст правевме, беше одржување на едукативни работилници, со видео презентација за симптомите на болеста и начинот за борба со нив“, вели Мимоза Ставреска од Црвениот крст од Охрид.

Crven KrstСо низа активности, кои во изминатиов месец беа преземени, беа опфатени околу 300 лица од градот и руралните средини. Др. Биљана Трајаноска вели дека ситуацијата во Македонија не е алармантна, но активностите кои се преземаат во борбата со ова заболување не смее да престанат.

Во никој случај не смее да се занемари поврзаноста на Туберкулозата со вирусот на ХИВ/СИДАТА. Вирусот на ХИВ/сидата и туберкулозата се блиску поврзани, така што често станува збор за таканаречена ко-епидемија или за двојна епидемија. Во земјите со висока преваленца на двете болести, на лицата со туберкулоза потребно е да им се нуди советување и тестирање за ХИВ/СИДА. Истражувањето покажува дека лицата заболени од туберкулоза прифаќаат советување и тестирање за ХИВ/СИДА почесто отколку останатата популација.Во Македонија, првиот регистриран случај на лице инфицирано со вирусот на ХИВ е истото лице кое е заболено и од Туберкулоза.

{loadposition content9}