Skip to main content

Денеска заврши 31-вата седница на градскиот Совет

Советот на општина Охрид на продолжението на оваа седница расправаше по една и единствена точка на дневен ред, предлог – одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште за изградба на административен објект при Свети климентовиот Универзитет.

 |  Билјана Николоска  | 
asednica
седница

Денеска охридските советници го одржаа продолжението на 31 та седница. Како што е добро познато, од оваа седница остана не усвоена предлог -одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште за изградба на административен објект при Свети климентовиот Универзитет, што ја предложи советникот на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој уште еднаш појасни дека ова е добра прилика општина Охрид да учествува во проект од капитално значење за градот.

Но, за советниците од СДСМ, сега не било вистинско време општина Охрид да планира вакви огромни инвестиции, рече Томислав Тунтев, координатор на оваа советничка група. Тој го изнесе нивниот став, кој според Тунтев е јасен и недвосмислен, дека правно не е поддржан и советниците немаат мандат да одлучуваат за една ваква предлог одлука. Тој додаде дека не е момент општина Охрид да размислува на државата да и прости огромна сума средства за комуналии, во износ од 1.600 000 евра, кога добро се знае дека буџетот на општината изнесува 10 милиони евра.

Спротивно на ставот на Тунтев, кој го изнесе во име на советничката група на СДСМ на Охрид, една ваква одлука минатата година донесе Советот на Град Скопје, во јули месец, со број на решение 07 2470/1, која е од сличен карактер.

sednicaСтавот пак на советничката група на СДСМ, го поддржа секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски. Тој рече дека јасно стои во правната регулатива на Законот за локална самоуправа, законски основ за една ваква одлука нема. Оттука, се наметува и прашањето, како претседателот на советот Душко Јаковчески ја ставил оваа точка на дневен ред, кога е спротивна на законот.

Координаторот и предлагач на оваа Предлог-одлука Дејан Паноски, порача политичкиот интерес да се тргне настрана. Тој смета дека должност е советниците пред советот да поддржат една ваква одлука која е од интерес за градот. Паноски додаде, дека понатаму градоначалникот може да преговара со Владата и да побара средствата да се реинвестираат во некаков објект од културата.

Но,  убедувањата на Паноски очигледно не беа доволни, бидејќи оваа предлог одлука не доби зелено светло од страна на советниците. Со 10 гласа за, 6 против и 4 воздржани  предлог – одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште за изградба на административен објект при Свети климентовиот Универзитет, не се усвои.

Крајниот збор за оваа предлог -одлука е во рацете на градоначалникот Петрески. Според него, ревитализацијата на Плаошник влегува во длабоки политички води. Петрески изјави дека се што е добро и во интерес на грѓаните ќе го поддржи, но не и оваа одлука на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Тој е крајно револтиран од тоа што Владата со него комуницира само преку медиумите, а до ден денес ниту Министерот за финансии, ниту Министерот за култура не одговорил на неговите писмени барања за да остварат работна средба и да се договорат.

Петрески потенцира дека општина Охрид во овој проект веќе учествувала со илјадници евра. Пред се, тука го спомна отстапувањето на земјиштето од страна на Локалната за изградба на Св. Климентовиот Универзитет. Моменталните работи што се прават околу објектот на Плаошник, Петрески ги смета како подготовки за градба. Доколку се отпочне со изградба, без обезбедена дозвола за градба и платени комуналии, градежниот инспекторат. ќе го затвори градилиштето и ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, се закани Петрески.

{loadposition content9}