Skip to main content

Жителите од крак на улица Ристо Чадо останаа без пристапен пат

Драган Стефаноски и 10- тина негови соседи останаа без пристапен пат. Денес, со спроведување на извршна судска одлука вратен е дел од земјиштето   кое било сопственост на соседот.

 |  Валентина Нелоска  | 
ulica
улица

risto cadoДраган Стефаноски жител на крак од улицата Ристо Чадо и 10- тина негови соседи денес останаа без пристапен пат. Стефаноски како што тврди  од 1979 изградил легално семејна куќа со платени давачки кон државата. Денес, со спроведување на извршна судска одлука вратен е дел од земјиштето   кое било сопственост на соседот. Сега тој и останатите соседи се без пристапен пат.

Од Локалната самоуправа потврдуваат дека денес  спроведуваат судска пресуда бидејќи асфалтираниот пристапен пат бил поставен на приватен имот,  а сопственикот на имотот е сосед на овие жители. Зоран Шикалоски вели  морале да го вратат земјиштето во првобитната состојба иако не сакале да го откорнат поставениот асфалт бидејќи бил поставен на барање на жителите од кракот на оваа улица.

Шикалоски нагласува дека во најбрз можен рок ќе извршат експропријација на земјиштето и ќе им обезбедат пристапен пат на граѓаните.

Во меѓувреме, жителите кои живеат на овој крак од улицата Ристо Чадо  ќе газат кал и прашина по патче широко едвај  еден метар. Како што велат не дај боже да имаат потреба од пожарна или брза помош.

Возилата за собирање смет ќе ги заобиколуваат и нема да го подигаат, а тие ќе треба да плаќаат за оваа комунална услуга иако нема да ја добиваат.


{loadposition content9}