Skip to main content

Земјиштето кај „Горица“, златна кокошка за општината

На сметката од општината легнаа средствата од продажбата на земјиштето кај локалитетот „Горица“.

 |  Крсте Голабоски  | 
Gorica
Горица

Општина Охрид ги доби првите пари од продажбата на земјиштето кај Горица. На сметката од општината  веќе се легнати се околу милион евра, бидејќи износот на целата парцела е нешто повеќе од еден милион евра. Портпаролот на Општината Симон Илиевски информира, дека 80% од износот на уплатените средства кои според Законот за градежно земјиште треба да ги добие општината, се веќе на нејзината сметка. Парцелата е со површина од 15.878 метри квадратни, површината за градење изнесува 6.667, а нејзината максималната бруто развиена површина изнесува 29.343 метри квадратни. Понудата од 4.010 денари за метар квадратен, односно нешто повеќе од милион евра за целата парцела беше доволна да се исфрлат од игра другите два субјекти кои наддаваа. Почетната цена изнесуваше 61 денар за метар квадратен.

zemjiste GoricaИнвеститорот е обврзан во рок од 15 дена да ги уплати понудените средства, во спротивно договорот за изградба на елитен хотел во Охрид еднострано ќе биде раскинат, а  банкарската гаранција во  износ  од  100.000,00  евра ќе биде активирана, информираат од Министерството за транспорт и врски.Исто така тој е должен таму да изгради хотел со 5 ѕвездички и да го брендира со име на хотелски ланец кој поседува или пак управува со повеќе од пет хотели. Ова земјиште е предмет на долгогодишни обиди на државата да пронајде сериозен инвеститор. Станува збор за скопската фирма „Дивелоп груп“ која исто така се поврзува и со изградбата на хотел од светски познатиот ланец „Мериот“ во Скопје. Во последиот обид на јавното наддавање одржано во ноември минатата година, најповолен понудвач, беше фирмата „Каса градба“. Иако од оваа фирма ја добија парцелата за само 23.817 евра, не ги уплатија средствата во предвидениот рок. Ова е само почеток на бериќетот за општината од оваа златна кокошка, бидејќи допрва во општинската каса треба да се слеат парите за комуналиите, кои инвеститорот треба да ги плати за изградбата на елитниот хотел.


{loadposition content9}