Skip to main content

Одолговлекување на постапката за глисерската несреќа

Денеска во основниот суд Охрид се одржа нов претрес за глисерската несреќа. И после повеќе од година и половина од овој немил настан, кој што се случи на 22.08. 2009 година, кога настрада Ирина Романова Муцински, нема виновник. А и откривањето на причините за тоа се наоѓаат во ќор сокак, барем досега.

 |  Билјана Николоска  | 
gliser
глисер


Денеска во основниот суд Охрид се одржа нов претрес за глисерската несреќа. И после повеќе од година и половина од овој немил настан, кој што се случи на 22.08. 2009 година, кога настрада Ирина Романова Муцински, нема виновник. А и откривањето на причините за тоа се наоѓаат во ќор сокак, барем досега.

sudСудскиот процес за глисерската незгода се одолговлекува. Адвокатот на оштетениот Зоран Муцунски, Никола Поленак, вели дека причините за тоа се субјективни и потекнуваат од страна на одбраната, поради отсуство на обвинетиот или главните сведоци. Тој рече оти Охридскиот суд има сосема коректен однос кон овој процес, бидејќи редовно го закажува претресот. Поленак, во својство на одбрана на оштетениот, рече дека потполно го поддржува обвинението и според него во случајот со глисерската незгода има кривично дело, што треба да се докаже. На денешниот претрес на распит беа двајца сведоци, Жарко Лукоски и  Благоја Дабчески, кои останаа на своите претходно дадени изјави пред истражниот судија. На претресот не се појави матичниот доктор на обвинетиот Шапкар, Др. Трпко Угриноски, кој што судот го бараше да сведочи поради тоа што два пати издал  боледување на обвинетиот непосредно пред судски претрес.

Обвинетиот Христијан Шапкар пак, се пожали до главниот судија на овој претрес Милчо Клишески, дека после секој судски претрес тој и неговата фамилија биле изложени на медиумски притисоци и побара да се почитува правото на пресумпција на невиност. На ова, судијата Клишески појасна дека Шапкар се обраќа на погрешна адреса и доколку има било какви забелешки да се обрати до неговиот бранител. Инаку Шапкар одлучи да се брани со молчење. На овој претрес, на бранителите како и на обвинителот Зоран Митрески, им беше приложен заклучокот на вештачењето од страна на Природно-математичкиот факултет. На валидноста на заклучокот се посомнева бранителот на обвинетиот Балабан, бидејќи според него истиот бил направен од нестручни лица, па му предложи на судот да го повика капетанот на Охридскта капетанија да каже дали правилото на движење на пловните објекти е важно и колку е тоа важно.

И на овој претрес отсуствуваа дел од сведоците поради што Клишески претресот го одложи за 20-ти мај.

 
{loadposition content9}