Skip to main content

„Гранит“ се оградува со бетон

Градежната фирма „Гранит“ конечно стана сопственик на земјиштето кај полигонот за мали спортови во близина на ОУ “Григор Прличев”.

 |  Крсте Голабоски  | 
ograda
ограда

„Гранит“ го доби имотниот лист за земјиштето кај полигонот за мали спортови во близина на ОУ “Григор Прличев. Конечно решени сопственичките односи за оваа атрактивна градежна парцела, на која требаше да се гради фамозниот Конгресен центар. Директорката на правниот сектор на градежната фирма „Гранит“ Виолета Божиновска ги објасни активностите кои од страна на фирмата се преземаат на оваа локација.

Директорката Божиновска потенцира дека станува збор само за менување на постајната оштетена ограда, со но0ва бетонска.

Божиновска додава дека за овие активности уредно била информирана општината и надлежниот инспекторат. Раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов, кој деновиве е службено отсутен, вели дека не е запознаен со активностите кои се преземаат на оваа локација. Арнаудов потенцира дека до нивниот сектор сеуште не е пристигнато барање за Одобрение за извршување на подготвителни работи од оваа фирма.

Од Гранит со официјална потврда дека површината од 8 000 метри квадратни легално е откупена, јавната судска постапка одамна е завршени и тие веќе се сопственици на имотниот лист за оваа атрактивна локација. Потенцираат дека  не се работи за вршење на подготвителни работи. Изгледа дека постапка за изградба на конгресен центар, уште ќе треба да почека.  За земјиштето на  градскиот полигон градежната фирма „Гранит“, се бори од 2002 година кога по судски пат, со извршно решение, одземено е земјиштето од општината заради долгови. Од овој простор, неодамна ЈП Комуналец го исчисти сметот кој години наназад се акумулираше од страна на граѓаните.

poligonce

 {loadposition content9}