Skip to main content

Охрид и Марибор со здружени сили пред европските фондови

Охрид ќе црпи словенски искуства  при изработка на проекти за влечење пари од европските фондови. Деталите биле договорени на неодамнешната посета на градоначалникот Александар Петрески на Словенија поточно Марибор.

 |  Татјана Маленкова  | 
Petreski
Петрески

Охрид ќе црпи словенски искуства  при изработка на проекти за влечење пари од европските фондови. Деталите биле договорени на неодамнешната посета на градоначалникот Александар Петрески на Словенија поточно Марибор. Овој град кој има искористено најмногу европски пари најпрво ќе ни помогне во сверата на туризмот. Веќе следнава недела тим од Секторот за локален економски развој ќе патува за Марибор каде ќе ги направи првите контакти со нивниот сектор, за да потоа тие дојдат кај нас со цел да се изработи заеднички проект во оваа област.

„Ќе се разговата за подготовката на проктот, затао што за таков проект има многу работа. Марибор е град кој има искористено најмногу пари од европските фондови. Нивното знаење и тежок пат кој го изодиле ќе ни го сервираат на тацна“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Np galicicaЕден од главните проекти кој Охрид ќе го реализира благодарение на Марибор е изградбата на жичарница од Корита до врвот на Галичица. Градоначалникот Александар Петрески додава дека 80 проценти од вредноста на жичарницата ќе биде донација, додека Локалната самоуправа ќе треба да учествува само со 20 проценти од вредноста.

„Во Словенија и Италија менуваат исправна жичара едносед за двосед или тросед. Жичарата е исправна ние со марибор сакаме да донесеме исправна жичара која би служела 10 тина години додека не неправиме посовремена“, додава градоначалникот.

Петрески додава дека интерес и на државата, а не само на Локалната самоуправа е на Галичица да се направи зимски рекреативен центар, а не класичен скијачки центар.

За да се реализираат плановите на Локалната самоуправа најпрво ќе треба владата да ни го одобри кредитетот од 360 милиони денари за кој советот даде зелено светло, а документацијата чека потпис од министерот за финансии. Само со добивање на овие пари општина Охрид ќе може да ги исчисти старите долгови и да влезе во втора фаза на децентрализација, па дури тогаш да подготвува проекти за влечење на европски пари.

{loadposition content9}