Skip to main content

Далечината не може да ја сопре хуманоста

Охриѓани и Скопјани заедно даруваа крв.

 |  Мишел Наумоски  | 
krvodaritelska
крводарителска

Традиционална крводарителска акција на Црвен крст-Охрид и Здружение на крводарители од месна заедница Даме Груев од Скопје. Малку прошетка, малку дружење, а најмногу од се хуманост. Нивната соработка трае повеќе од 5 успешни години.

За хуманоста очигледно нема далечини. Со здружени сили, Охридскиот Црвен крст и Скопското Здружение на крводарители од месната заедница Даме Груев ќе даруваат крв за оние на кои таа им е потребна. Скапоцената црвена течност, доволен мотив за да се поминат стотина километри и да се спасат нечии животи. Ова е традиционална посета на Скопското здружение на крводарители. Вакви збратимени акции се случуваат 3 пати во текот на годината и секогаш со голем успех.

„Главната цел е да се соберат што повеќе единици на крв што ќе се користат за сите оние болни, повредени и сите на кои им е потребно, и во болницата „Св.Еразмо“ во Кардиолошкиот центар и во Општата болница во Охрид. Задоволни сме од одзивот и на Охриѓани, кои денеска еве веќе 15тина веќе даруваа крв и од гостите од Скопје, од Здружението на крводарители од месната заедница „Даме Груев“ од населбата Ѓорче Петров.“-рече Сашо Точков-Претседател на Црвен крст-Охрид

Krvodaritelska akcijaОваа заедничка акција треба да помогне за уште поголемо зближување на крводарителите. Покрај прошетките и дружбата, нивна главна мисија беше оваа акција да заврши успешно и со посакуваниот резултат.

„Дојдени сме со еден автобус околу 50тина крводарители каде што има повеќекратни крводарители, но има и нови сили кои влегуваат во армијата на крводарители. Се надеваме дека оваа соработка ќе трае уште долго бидејќи ова дарување на крв најважно е што е прво хумано, а потоа и доброволно. Секој може да се најде во ситуација да му треба крв и дали сме дарувале во Охрид или Скопје тоа навистина не е важно, важно е да се помогне на човекот.“-додаде Сребре Трајчески-Координатор на Здружение на крводарители-Скопје

Оваа е уште една во редот на крводарителски акции кои Охридскиот Црвен крст ги организираше досега. Крводарителската акција се одржа во паркот на студентскиот дом „Никола Карев“

{loadposition content9}