Skip to main content

Запуштен киоск во центарот ќе се закити со маси и столици

Киоскот на поранешна Нова Македонија кој со години наназад е поставен на улица Партизанска,  се наоѓа во запуштена состојба.

 |  Валентина Нелсока  | 
kiosk
киоск
kioskКиоскот на поранешна Нова Македонија кој со години наназад е поставен на улица Партизанска,  се наоѓа во запуштена состојба.  Недозволиво е во центарот на градот да се толерира ваков руиниран објект реагираат граѓаните. Објектот е легално поставен, но очигледно е дека сопствениците не се грижат за неговото одржување со што се  нагрдува ликот на центарот се согласуваат од општинскиот инспекторат. Танас Танасоски, раководителот на овој инспекторат е на мислење  дека  киоскот треба да се дислоцира од просторот и нагласува дека ќе дадат предлог.

Но, по се изгледа со предлогот задоцниле. Киоскот и оваа сезона ќе биде на истата локација. И, не само што ќе остане на истиот простор туку ќе се закити со  маси и столици.Оваа урбана опрема е предвидени со новата Програма за нејзино поставување, вели Танасоски. Додава дека Програмата во меѓувреме е  донесена од страна на советот и тие  мора да ја почитуваат, но од идната година ќе бараат крајно киоскот од тој простор да се дислоцира.

Како што дознаваме сепак планот на сопственикот на киоскот  може да го пореметат сопствениците на земјиштето. Просторот каде што сега е поставен киоскот со денационалзиација им е вратен на поранешните сопственици. Можно е тие да побараат  негова дислокација од овој простор.

 {loadposition content9}