Skip to main content

Поранешен претседател на LCI во посета на охридските лајонисти

Џими Рос, импресиониран од квалитетот на проектите спроведени од страна на македонските и охридските лавови.

 |  Крсте Голабоски  | 
jimi Ros
Џими Рос

„Нашата цел е една и единствена, да им помагаме на оние кои имале помалку среќа од нас“, вели Џими Рос, поранешниот претседател на Lions Club International. Рос со посетата на трите лајонс клуба во Охрид, ја заoкружи својата еднонеделна посета на нашата држава. Овој поранешен претседател на LCI, како и пранешен врховен судија на сојузната држава Тексас, е задоволен од глобалната соработка помеѓу Лајонс клубовите, како и од реализацијата на проектите преку средствата на фондацијата на LCI.

„Фондацијата на LCI  им помага на лајонсите да аплицираат за грантови. Така ние ќе можеме да им одобриме финансиски средства,за тие да работат. Јас би сакал да видам како лајонсите, заедно со останатите членови на општеството, собираат средства заедно, и го прават подобар животот на лицата на кои им е тоа потребно“, изјави Рос.

Господинот Рос информира дека за време на неговата еднонеделна посета на нашата земја, остварил голем број средби со неколку министри и членови на парламентот, а се запознал и со работата на македонските лајонс клубови за одредени проекти.

„Многу сум импресиониран од квалитетот на проектите, нештата кои се прават, како и од квалитетите на лавовите. Тие се лидери на заедницата тука и придонесуваат за нештата да се случат. Многу сум горд на она што го прават“ потенцира Рос.

Претседателот на Lions Club Ohrid, – Охрид, Драган Спасески – Охридски вели дека е горд што за 4 години, нивниот клуб е посетен од страна на 4 претседатели на LCI, како поранешни, така и актуелни. Спасески додава дека не смее да се занемари вниманието кое на меѓународно ниво го предизвикува District 132- Македонија, а особено проектите на кои работат. Станува збор за проекти кои не се автохтони, кои се дел од еден поголем мозаик на ангажмани, додава Спасески.

dragan spaseski i jimi ros

Актуелниот Гувернер на District 132, Сашо Василевски, додаде дека станува збор за плодотворна посета на еден поранешен претседател на LCI, кој во голема мерка придонел, македонските Лајонисти да станат дел од големото семејство, под уставното име Република Македонија.

Инаку, Џими Рос стана претседател на  The International Association of Lions Clubs во периодот од 2006-2007-та година. Неговите посебни интереси и залагања беа проширување на постојното членство на Лајонс клубовите, јакнењето на клубовите, како и зголемување на улогата на клубовите во служба на оние на кои помошта им е најпотребна.

{loadposition content9}