Skip to main content

Ден на дрвото…на охридски начин

Наместо да го средат просторот околу трафостаницата, екипа на ЕВН пресекле две борови стебла постари од 30 години.

 |  Крсте Голабоски  | 
iseceni borovi drva
исечени борови дрва

Очевидци велат  дека пред неколку дена, во населбата „Гоце Делчев“ позната како Бараки, екипа на ЕВН-Македонија, во обид да го средат просторот околу трансформаторот за напојување со електрична енергија, покрај тоа што исекле неколку од гранките на околните стебла, искеле и две борови дрвја.

Нашата екипа веднаш дојде на местото, а неколку минути подоцна и инспекторите од Одделението за инспекциски надзор од Охрид. Жителите кои живеат во непосредна близина додаваат дека после нашето заминување, уште истиот ден, екипата на ЕВН се вратила на местото и уредно ги подигнала исечените стебла и гранки.

Раководителот на Одделението за инспекциски надзор, Танас Танасоски информира дека против ЕВН и вработените, е започната соодветна прекршочна постапка. Причина  за тоа е што од ЕВН не ја известиле уредно и навремено Комисијата за сечење дрва при Општина Охрид.

Портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски, не информира дека е запознаен со постапката, а во тек е и истрага, со цел да се утврдат причините за тоа што навистина се случило. Ковачевски потенцира дека пракса на ЕВН е да се средува просторот околу ваквите објекти, доколку станува збор за непосредна опасност за граѓаните, напојувањето и објектот воопшто, но дека тоа се прави само со претходно набавени соодветни дозволи од сите релевантни институции. Од ЕВН не бил издаден налог за сечење на дрва за таа локација. Доколку се потврди дека некои од вработените, на своја рака ги презеле тие дејствија, ќе биде покрената соодветна дисциплинска постапка против нив, додава Ковачевски.

{loadposition content9}