Skip to main content

ОК на ВМРО ДПМНЕ со нови обвинувања кон Петрески

Овојпат претседателот на ОК јавно го запраша градоначалникот: Зошто  досега со над 50 милиони евра, средства на граѓаните, нема направено ниту еден проект.

 |  Татјана Маленкова  | 
vmro-dpmne
вмро-дпмне

atanasko Mihailov„Александар Петрески и СДСМ го прокоцкаа Охрид за свои интереси.  Имаа ретка прилика да бидат големи за Охрид, но и како и се досега ја промашија поради лични интереси“ итакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов на денешната пресс конференција. Претседателот на Охридската ВМРО ДПМНЕ во продолжение на своето излагање уште додаде дека сега Петрески и неговата матична партија  панично се обидуваат да се извадат за прокоцканата прилика со некакви списоци на дела што наводно ќе ги направеле за Охрид.

Михаилов јавно запраша зошто досега со веќе над 50 милиони евра средства на граѓаните на Охрид локалната нема направено ниту еден поголем Проект.

„Каде се парите на граѓаните на Охрид г-дине Петрески, каде се уплатуваните комуналии кога се знае дека ништо немате направенo во Охрид? Плаќаме ли ние граѓаните на Охрид даноци за Вашите згради и станови? Колку и да бегате, колку и да се правите недопирлив многу бргу ќе треба да одговорите на овие прашања.“ -Атанаско Михаилов претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ и на денешната пресс конференција се наврати на спорот помеѓу локалната и ОК во врска со комуналиите за изградбата на Св. Климентовиот универзитет на Плаошник. Ова беше причина Михаилот да побара признание од градоначникот дека од претставниците на владата на РМ било побарано парите од комуналиите со цесија да бидат уплатени на Охридска градежна фирма.

“Таква ли е вашата грижа за Охрид, таква ли е вашата политика за интерес на охриѓани? Ако лично и должите на тајфата зошто не извадите од 1,6 мил. Евра кои ги носите во вашиот џеб и не си ги платите личните долгови заради кои страда Охрид?! Прочитани сте во лагата и корумпираноста и одговорноста за се ова што го направивте на Охрид брзо ќе ве стигне.“-Атанаско Михаилов – претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ

На новинарското прашање која е охридската фирма која е во игра при изградбата на Св. Климентовиот универзитет на Плаошник, Михаилов не сакаше да одговори. Само рече дека одговорот на ова прашање треба да го даде лично градоначалникот Александар Петрески.

{loadposition content9}