Skip to main content

Демант од Локалната на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Експресна реакција на Локалната на обвинувањата изнесени на денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 
opshtina
Општина

Експресна реакција на Локалната на обвинувањата изнесени на денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои:

Дури и во најдиктаторските и апсолутистички системи е можно, ако некој те нападне, ако ништо друго, барем да можеш да се одбраниш. ВМРО- ДПМНЕ  преку нивниот Општински комитет постојано со соопштенија полни со неаргументирани напади и закани со кривични пријави, сака да ја замолчи локалната самоуправа. Очигледно  е дека со ваквите постапки од ВМРО- ДПМНЕ сакаат да ни стават до знаење дека кај нив е апсолутната власт и дека никој, не смее да им противречи.

Господо од  ОК на ВМРО- ДПМНЕ, непотребно пробувате да ја замајувате јавноста зошто знаете дека нема да ги замолчите градоначалникот и локалната самоуправа.Сами знаете дека е  крајно непристојно и политички неуко, ако јавно  соопштите дека „ оваа е корумпирана локална власт на чело со најголемиот  лажго и милионер во историјата на Охрид“  и да барате никој да не ви одговори на ваквата клевета и навреда.

Веројатно сте заборавиле дека во демократските општества, за разлика од апсолутистичките и диктаторски  режими , вистината се брани само со аргументи , а не со недолични политички етикетирања.Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески на јавноста и објасни каде ќе бидат вложени 1,6 милиони евра од комуналиите за проектот „  Плаошник 2014“. Јавноста  сега  од ОК на ВМРО- ДПМНЕ очекува одговор дали е подобро овие средства да и се вратат  на владата за изградба на споменици или да се вложат во комунални проекти во Охрид.

{loadposition content9}