Skip to main content

Нов трговски, чиста шпекулација?!

Не стивнуваат гласините, кои зборуваат дека во старата чаршија треба да никне нов габаритен трговски објект.

 |  Крсте Голабоски  | 
carshija
чаршија

Не стивнуваат гласините, кои зборуваат дека во старата чаршија треба да никне нов габаритен трговски објект.

Од Секторот за урбанизам, децидни. Ниту еден од објетите зацртани во предлог планот не е поголем од П+2. Нацрт планот пак за овој опфат моментално се наоѓа во Скопје во Министерството за животна средина.

Деновиве низ градов се позачестени се гласините дека извесен стопанственик ќе гради голем трговски објект во старата чаршија. Имено станува збор за објект кој наводно треба да никне на дел од просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој пак е во границите на улиците:”Св.Климент Охридски”, “Климентов Универзитет” и ул.”Петар Чауле”. Поедноставно кажано, тоа е простор кој се однесува на објектите од горниот дел над старата чаршија, односно приватните станбени и деловни објекти лоцирани на тој простор. Се претпоставува дека фамозниот објект било планирано да никне во близина на поранешен Рубин Кармин.

dup ТвМ стапи во контакт со Секторот за урбанизам, заштита на природната средина и комунален развој од општина Охрид, од каде не информираа дека Нацрт– ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1, е изработен врз основа на конзерваторски подлоги одобрени од страна на Управата за заштита на културно наследство и Завод и музеј Охрид. Што се однесува до предлог планот за овој плански опфат, истиот е моментално на разгледување во Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму ги отфрлаат гласините како невистинити и велат дека:- „Ниту еден од објектите зацртани во предлог планот не е поголем од П+2.“
Во октомври минатата година беше спроведена јавна анкета и презентација на овие предлог НДУП. Нацрт – ДУП – от за овој плански опфат беше донесен на 21-ва седница на Советот на општината. Околу нивното донесување советниците од позицијата и опозицијата имаа дијаметрално спротивставени ставови.
{loadposition content9}