Skip to main content

Акцијата „Ден на дрвото“ успешно спроведена и Охрид и Струга

Прeтеседателот на советот на Општина Охрид, како и претставници на Локалната, засадија садници на клучката пред влезот на Охрид. Пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се приклучија кон акцијата, засадувајќи садници во паркот во Струга.

 |  Крсте Голабоски  | 
den na drvoto
ден на дрвото

den na drvotoПрeтеседателот на советот на Општина Охрид, како и претставници на Локалната, засадија садници на клучката пред влезот на Охрид. Пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се приклучија кон акцијата, засадувајќи садници во паркот во Струга.

„Ајде на садење, батали политика“. Под ова мото, по седми пат во нашата држава се одржа акцијата Ден на дрвото. Покрај учениците од основните и средните училишта од нашиов град, кон истата се приклучија и членовите на Советот на општина Охрид, кои го пошумуваа делот кај клучката на влезот на Охрид, со садници кои ги обезбеди ЈП „Охридски Комуналец“.


Стружани исто така максимално активни. Координирани од страна на ЈП „Комунално“, заедно со некои од пратениците, садеа садници околу пешачките патеки од хотелот „Мајски цвет“ се до селото Калишта, потоа од унивезитетот „Фон“, па се до Еврохотелот и на локација кај градскиот парк.

На територијата на Република Македонија, во рамки на акцијата „Ден на дрвото – пролет 2011″, планирано е да бидат засадени над три милиони дрвца.
Во изминатите шест акции беа засадени над 30 милиони дрвца на површина од 8.641 хектари и посеано е семе за четири милиони садници. За помасовно учество во акцијата, Владата го прогласи денешниот ден за неработен, што ќе се одработи во сабота на 9 април.

{loadposition content9}