Skip to main content

Причината непозната за тепачка во дворот на ОУ „Григор Прличев“

Две групи ученици се степале во кругот на основното училиште Григор Прличев.

 |  Валентина Нелоска  | 
Grigor Prlicev
Григор Прличев

Две групи ученици се степале во кругот на основното училиште Григор Прличев. Во средата во меѓусмена, по завршувањето на наставата за осмоодделенците помеѓу ученици дошло до  физичко  пресметување. Во одбрана на помалиот брат ученик во училиштето  се вклучиле и двајца гимназијалци. Училишниот педагог  Офелија Петреска негира дека станува збор за масовна тепачка, како што некој сака овој инцидент да го престави во јавноста. Станува збор за размена на неколку шлаканици помеѓу учениците кои поминале без сериозни повреди и навреме била  спречена,  изјави за ТВМ Петреска.

И директорот на гимназијата, Наум Рилкоски  потврди  дека нивни  ученици учествувале во тепачката. Она што изнедува вели директорот е тоа што станува збор за солидни  ученици и во однесувањето и во учењето. И осмооделенците досега немале проблеми во однесувањето педагогот Петреска. Во врска со случајот двете училишта и основното и средното обавиле разговори со учениците и со родителите. „Денес на заедничка средба со учениците и родителите каде што си подадоја меѓусебе рака и се смирија, а ветија дека нема да се повторат вакви настани, вели педагогот. Заради вчерашниот неработен ден сеуште не е лоциран проблемот за меѓусебната кавга вели Петреска.  Станува збор за ученици спрема кои не сакаме да бидеме агресивни при откривањето на вистината, но секако ќе продолжиме преку разговори  со учениците да ја  лоцираме  причината.

{loadposition content9}