Skip to main content

Дечињата и нивните Првоаприлски маски

Распеани, разиграни и постојано весели. Дечињата од градинките во Охрид сите на едно место, го прославуваа Денот на шегата, 1ви Април. Сите беа маскирани во своите омилени ликови, а имаа подготвено и интересни музички точки со кои ги забавуваа присутните.

 |  Мишел Наумоски  | 
decinja
дечиња

1ви Април, денот на шегата е веројатно денот кој дечињата нетрпеливо го очекуваа. Градинките од Охрид, со заедничка огранизација им овозможија да ја покажат својата креативност. Заедно со своите воспитувачки тие си имаа подготвено музички и танцови изведби, се забавуваа, кажуваа шеговити стихотворби. Но, за нив најважно беше што можеа да се маскираат во своите омилени ликови од цртаните филмови, од приказните…

Пеперутки, самовили, принцези, мечиња, пчелички се само дел од креативните маски на дечињата кои беа присутни.

maski

За „Априлијадата“ да изгледа и звучи онака како што треба, се погрижија 5те градинки од Охрид кои беа одговорни за реализацијата на овој проект. Поради променливото време но и за до израз да дојдат маските на дечињата, наместо на градскиот плоштад, оваа прослава се одржа во затворен простор.

„По повод денот на шегата, секоја година веќе во традиција ни премина, имаме проектна активност „Априлијада“. На овој ден, децата се маскираат во своите омилени ликови и денес можат да бидат она што сакаат и посакуваат да бидат. Денеска, тука во објектот „Развигорче“ се организира проектната активност од големите групи од сите останати детски градинки и тука беше централната прослава.“ -рече Марина Петроска-Тодороска-в.д Директор на Ј.О.У.Д.Г „Јасна Ристеска“

Покрај големите групи, своја прослава си имаа и децата од помалата возраст. Тие своите активности ги имаа во нивните матични објекти. Во реализацијата на „Априлијадата“ свое учество имале и родителите кои биле задолжени за подготвувањето на маските.  Резултатот повеќе од очигледен. Дечињата од сите градинки беа разиграни, весели, се шегуваа меѓу себе и си го одбележаа Денот на шегата онака како што тие замислуваа.

maski

{loadposition content9}