Skip to main content

Предизборна еуфорија

Изградбата на жичарата на НП „Галичица“, со што наголемо деновиве се фали градоначалникот Петрески е уште еден негов неостварен сон, смета директорот на НП.

 |  Билјана Николоска  | 
Zoran Angeloski
Зоран Ангелсоки

Жичарата на „Галичица“, 30 години се споменува во предизборие. Директорот на НП, Зоран Ангелоски смета дека најавите на првиот човек на градот Александар Петрески за изградба на жичара се нереални. Ова го поткрепува со фактот дека градоначалникот мора да погледне во веќе изготвениот план за управување на паркот кој важи за период од 2010 до 2020 година. Ангелоски, категоричен дека досега локалната самоуправа не стапила во контакт со нив и не ги известила за нивните намери. Тој додава дека Националниот парк „Галичица“ е место кое со закон е заштитено и мора да се знае кој јаде кој пие а кој плаќа.

Ангелоски со документите в раце рече дека градоначалникот пред да даде изјави во јавноста,  мора да погледние и да преиспита каде стои неговиот потпис. Ова се однесува на дозволата за изградба на информативнито центар.

Во иднина очекуваме да бидеме консултирани доколку се работи за некои проекти во паркот, дециден Ангелоски. Тој додава дека треба заеднички да се седне, да се разработи и да се направи она што е во интерес на паркот, на локалната, како и она што е во интерес на граѓаните и на посетителите. Но не прифаќа во предизбворие да му се калемат работи кои не се издржани.

Ангелоски воопшто не е запознат што и како е договорено за изградба на жичарата на „Галичица“. Не можеше ниту да каже за трошоците околу поставувањето на истата. Но очигледно со нетрпение чека да види дали охриѓани после триесет години ветувања, конечно ќе се повозат и ќе уживаат во панорамата од Галичица.

 {loadposition content9}