Skip to main content

Се додека може не им откажува дружба на иглата и конецот

Ленче Башоска љубовта кон македонските етно мотиви во себе ја носи од мали нозе. Гледајќи како вредно работат нејзините баба, мајка и тетки, љубовта кон ракотворбите и се вовлекле длабоко под кожата.

 |  Валентина Нелоска  | 
нosija
носија
Lence BashoskaЛенче Башоска љубовта кон македонските етно мотиви во себе ја носи од мали нозе. Гледајќи како вредно работат нејзините баба, мајка и тетки, љубовта кон ракотворбите и се вовлекле длабоко под кожата. Таа со внимание следела и впивала од убавините на нашата фолклорна традиција. Од преголема љубов кон македонските носии и желбата нашето етно богатство да се зачува и да остане во Македонија, Ленче  започнала и сама да изработува делови од народните носии. Но, не само носии туку и останати практични предмети за облекување и  украсување на домот. Таа другарува со конецот и иглите, плете и везе кошули и чорапи со неисцрпни македонски етно мотиви . „Плетам, везам и шијам од многу мала и без работа не знам, дали би можела, додека мрдаат рацете ќе работам. Преголемо е задовослтвото кога цртам, креирам, ги усогласувам боите исто како еден уметник,  кога е во неизвесност како ќе биде финалниот производ раскажува Башоска.

nosii

Мавровската носија, стара преку 200 години, која припаѓала на  нејзината прабаба  ја мотивирало, покрај неа,  да откупи и сочува голем број македонски етно носии. Во нејзината колекција има носии од разни делови на Македонија и се гордее со голем број елеци, минтани, фути, марами. Башоска со големо  внимание се  грижи за тие да бидат зачувани од пропаѓање. Разни делови од народните носии ги наследила, ги добила на подарок, а некои и ги купила. Нејзина огрома желба е собраното етно богатство да биде и јавно презентирано. Таа се надева дека од надлежните институции ќе има позитивен одговор за обезбедување еден изложбен простор во вид на етно куќички бидејќи има многу жени како неа кои вредно работат и би било добро државата да им даде  поддршка.

Башоска е горда што ја негува македонската традиција и го чува етно богатството на нашите прабаби. Со мала едукација и дружење може да се научат и помладите да ја негуваат нашата традиција. Тие не остануваат рамнодушни кон ова наше богатство и се интерсираат да научат да изработуваат  вакви етно мотиви иако се преокупирани со учење, вели Башоска.

{loadposition content9}