Skip to main content

Mенувањето на законските прописи ги спаси дивоградбите

Локалната самоуправа сеуште мака мачи со дивогрдбите. Наследените 1200 диви градби од 2005 год. не само што останаа, туку и се намножија. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вината за ова ја гледа во законските прописи кои постојано се менуваат.

 |  Татјана Маленкова  | 
gradbi
градби

gradbi star delЛокалната самоуправа сеуште мака мачи со дивогрдбите. Наследените 1200 диви градби од 2005 год. не само што останаа, туку и се намножија. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вината за ова ја гледа во законските прописи кои постојано се менуваат.  „Министерството за транспорт и врски уште пред три години објави дека ќе донеси закон за дивоградби и ние го чекаме“, истакнува Танасоски.

„ Се донесе закон за градба. Дојде и дотаму на оние кои го имаа прекршено да им се одземи и земјиштето. Потоа се донесе законот за легализација, со кој од прекршок премина во кривично дело, додаде раководител на комунален инспекорат“, истакнува раководител на комунален инспекорат Танас Танасоски.

До пред само неколку години секоја дивоградаба била обележана како кривично дело. Танасоки додава дека многу е полошо да се добие кривична пријава, отколку да се руши дивоградбата. Значи до овој момен поминавме период од одземење на земјиштето до легализација на истото, истакнува Танасоски.

„Се носеа кривични пријави, па подоцна имше периот кога се одземаше земјиштето на кои имаше довоградба, за сега да се донесе закон за легализација на дивоградбите“, вели Танасоски.

„Ни еден закон за легализација на дивоградби нема да донесе услови за легализација на поткровјата во стариот дел на Охрид“, категоричен е градоначалникот Александар Петрески.

„ Стариот дел на Охрид е под заштита и во секое време државата може да ги руши дивите градби. Ама по се изгледа тие не сакаат да си го рушат својот рејтинг, а имиџот на градоначалникот ако се руши?“ вели градоначалник Александар Петрески .

Петрески додава дека локалната нема да руши се додека не се прецизираат законските прописи, поточно се додека не се донеси закон за Охрид. „Во стариот дел се специфични котите. Се надевам дека во законот точно ќе биде прецзирано, како треба да се мери висината на објектите, од горната или долната улица“, додава градоначалникот.

Останува да видиме дали Законот за Охрид кој во моментов е во собраниска процедура, навистина ќе стави крај на урбаната деградација на Охрид.

{loadposition content9}