Погина градежен работник
Од СВР велат дека се работи за несреќен случај при изведување на градежни работи.
СВР
Фадил В. роден 1952 год. почина денеска при изведување на градежни работи на ул.„Кирил и Методиj“ во Охрид.
Од СВР велат дека се работи за несреќен случај при изведување на градежни работи.
Имено настанот се случил при качување по дрвени скали кога работникот изгубил рамнотежа и паднал од висина од 5 метри.
Фадил В. починал на лице место. Увид е направен од полициски службеници и доктор од општата болница. За случајот бил известен и дежурниот судија при основниот суд во Охрид.
{loadposition content9}