Skip to main content

Со предавања се одбележува Неделата за борба против туберкулозата

Болеста на сиромаштијата, туберкулозата е заразна болест  која се лекува  ако се открие на време.

 |  Валентина Нелоска  | 
Во Охрид во 2007 се регистрирани 22 случаи, а во Македонија 563 болни од ова болест. Иако болеста на сиромаштијата во светот е во подем, за среќа во Македонија е во опаѓање. Во светот годишно се разболуваат  9 милиони, од кои умираат 2 милиони луѓе.

И покрај фактот што на удар од ова заболување се младите адолесценти  и работоспособното население, се почесто е заболувањето и меѓу пензионерите. Дел од нив се со мали примања, напуштени и сами во селата, нема кој да се грижи за нивната исхрана и хигиенските навики,  вели волонтерот во ЦК д-р Славица Петровска. За тоа ќе се одржат предавања во Домот на пензионери за повиталните да ги препознаваат и упатуваат на лекување ризичните  случаи.   

Во светот е се почеста  појавата на нова форма на туберкулоза која не реагира на обичните антитуберкулозити и според Светската здравствана организација е на ист степен на ризик како и  птичјиот грип.  Станува збор за мулти резистентна туберкулоза која во Макеоднија ја има во 9 случаи.
Во  Неделата на борба против туберкулозата која започна од 14 септемви и ќе трае до 21 септември, активистите на  црвениот крст од Охрид, преку низа предавања, ја запознаваат јавноста со симптомите и начините на лекување од ова заболување.  Дел од предавањата веќе се одржани во училиштата и полицијата, а ќе се посети и охридскиот  затвор.