Skip to main content

Пребирливост или несоодветни кандидати за директор на Охридско лето

Министерството за култура ни по седум месеци никако да избере  директор на Фестивалот „Охридско лето“.

 |  Валентина Нелоска  | 
NU Ohridsko leto
НУ „Охридско лето“

NU Ohridsko letoМинистерството за култура ни по седум месеци никако да избере  директор на Фестивалот „Охридско лето“. Нема резултат ни од вториот конкурс иако во најстрога тајност се чувани имињата на кандидати за  потенцијален директор. Не се остварија и предвидувањата дека најдоцна до Велигден ќе биде познато името на првиот човек на оваа институција.

Во јавноста наголемо се шпекулира дека министерката Елизабета Канческа Милеска не е задоволна од пријавените охридски кандидати и бара директор од Скопје. Ставот, пак  на членови од Управниот одбор на дирекцијата „Охридско лето“ е сепак директор да биде  лице од Охрид.

Министерката Канческа Милеска сеуште трага по вистинската личност за директор. Но, во јавноста останува дилемата  дали проблем е нејзината пребирливост или навистина пријавените кандидати немаат соодветна програма за раководење со оваа престижна културна институција.

Со ваквата ситуација останува и неизвесноста каков ќе биде квалитетот на годинешната програма. Музичкиот селектор Гордана Јосифоска Неделкоска тврди дека потфрлање во ренемото на фестивалот нема да има. Информира дека програмата за 51 –то издание на Охридско лето е завршена. Според најавите  „Охридско лето“ ќе биде отворено со проектот „Трилогија Романа“ од Оторино Респиги, во продукција на шпанската театарска група „Ла Фура делс Баус“. За останатите детали од програмата закажана е прес конференција за утре.

{loadposition content9}