Skip to main content

Отворена војна против Хепатитот Ц

Умрежувањето на институциите од невладиниот и владиниот сектор, кои се релевантни фактори во менаџирањето на пациентите заболени до Хепатит Ц.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hepatitis C
Hepatitis C


sostanokПретставници на институции од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово, разменија искуства и ги согледаа современите можности во третманот на хепатитис Ц. Лицата кои се интравенозни корисници на активни психотропни супстанци, а кои се заболени од оваа болест, во нашата држава за жал сеуште секојдневно наидуваат на бариери. Прим.д-р Славица Гајдаѕис – Кнежевиќ, истакна дека здравствените работници мора да се ослободат од предрасудите при третманот на лицата од ризичните групи.

Што се однесува до тоа дали кај нас постои националана стратегија, за борбата против оваа болест, за која пак последните податоци говорат дека ја достигна бројката од 30.0000 заболени, доктор Кнежевиќ вели дека моменталната ситуација со третирањето на оваа болест не задоволува. Иако станува збор за скап третман, сепак вреди да се инвестира во лекувањето на заболените од оваа болест, каде шансите за излекување се од 60-90% вели Кнежевиќ. На локално ниво, ситуацијата е подобра. Посебно во Охрид, постои успешна соработка помеѓу сите инстутции, па така пациентите навреме и правилно се упатуваат за да се воспостави конечната дијагноза, вели Царева Рувинова од НВО –„Опција“.

Hepatitis CИнаку Македонија спаѓа во земјите каде 1,5% од населението се заболени од хепатит Ц, односно 30.000 лица трпат од ова инфективно заболување. Од нив најголемиот број се Интравенозните наркозависници и тоа од 6-10.000. Во Охрид според информациите од Центарот за јавно здравје последниве десет години постепено се намалува бројот на заболени од ова скриено заболување.

Основен пат на пренос на ова заболување е контактот , а може да се пренесе преку сексуален контакт, акупунктура, заеднички прибор за тоалета и лична хигиена, тетовирање, пирсинг и др.  Преносот е парентерален – исклучиво преку инфицирана крв и крвни деривати до 1993 додека после тоа крвните деривати задолжително се тестираат на хепатит C. Што се однесува до  мерките на превенција профилаксата против Ц вирусот во моментот е доста лимитирана. Активна профилакса сеуште е неможна т.е. сеуште не е произведена вакцина против HCV, поради големиот мутаген потенцијал на вирусот и постоењето на повеќе генотипови. Се очекува дека првите резултати на ова поле ќе се добијат во следните 5-10 години.

{loadposition content9}