Skip to main content

Седница на советот како увертира на предвремените избори

Бурно издание на Седницата на советот на Општна Охрид. Оваа нејзина трисет и трета епизода, помина во знакот на извештаите за сработеното во комуналната сфера, барањата на такси превозниците и утврдувањето на локацијата за одржување на предизборните промотивни активности на партиите.

 |  Крсте Голабовски  | 
sednica na Sovet
седница на Совет

Бурно издание на Седницата на советот на Општна Охрид. Оваа нејзина трисет и трета епизода, помина во знакот на извештаите за сработеното во комуналната сфера, барањата на такси превозниците и утврдувањето на локацијата за одржување на предизборните промотивни активности на партиите.

Она за што нејзиниот дневен ред наизглед ветуваше мирно издание, прерасна во една турбулентна седница. Така уште со првата точка со која беше надополнат дневниот ред, а се однесуваше на Локацијата за одржување на политичките митинзи, почнаа политичките препукување помеѓу советниците. Ништо помалку интерес и дискусија не предизвика и Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јованка Дасмовска- Секуловска истакна дека овој центар треба да покаже поголема транспарентност во работењето како и поголема проактивност во користењето на средствата од европските фондови, а не цело време да се потпира на средствата од државата или локалната власт.

Aleksandar PetreskiГрадоначалникот на Охрид, Александар Петрески пак, со контра реплика, дека овој центар е формиран со одлука на Владата, а  нејзината обврска 1% од сресдставата на буџетот да издовјува за развој на центрите, досега не ја исполнува. Поради тоа сериозно размислуваат и тие да прекинат да издвојуваат средства за работењето на оваа институција.

Во врска Предлог Oдлука за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот за период од 01.01. до 31.03.2011 година советниците на ВМРО истакнаа дека сега приходите на Локалната од продажба на земјиштето се за 5 пати поголеми, а според нив централната власт своите обврски кон локалната во целост ги има извршено со учеството во дотациите од 27%. Од оваа советничка група беа против и донесувањето на Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за потикнување на развојот на туризмот на општина Охрид,а секторот за ТЛЕР, го обвинија за безидејност.

Извештаите за сработеното во комуналната сфера, беа изгласани во пакет, со образложение дека реализацијата  на програмите за сообраќајна сигнализација, изведба и реконструкција на локални патишта и улици, уредување на градежно земјиште и друго, е речиси идеална. Се испофали и работата на новоформираните ЈАвни претпријатија, Градски пазар, погребни услуги и Градски гробишта, и покрај пријавените трошци на Градски гробишта во висина од 59 000 денари за првите три месеци, за користење на услугите на приватна сметководствена фирма. Останатите точки од дневниот ред поминаа според очекуваното, освен согласноста на опозицијата по точките за донирање средства на Бигорски Манастир „Свети Јован Крстител, Храмот „Свети Ѓорги“ Охрид и Охридското теќе.


{loadposition content9}