Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ ќе си митингува на плоштад

На глава, на шија ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи својот митинг на градскиот плоштад. По вчерашната одлука на градоначалникот Петрески и Советот на град Охрид со која забранија одржување на митинзи на плоштадот, следеа остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Велат никој не може да го сопре народот да излезе на митинг.

 |  Мишел Наумовски  | 
VMRO-DPMNE pres
ВМРО-ДПМНЕ прес

На глава, на шија ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи својот митинг на градскиот плоштад. По вчерашната одлука на градоначалникот Петрески и Советот на град Охрид со која забранија одржување на митинзи на плоштадот, следеа остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Велат никој не може да го сопре народот да излезе на митинг.

VMRO-DPMNE presОпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид упати жестока реакција на вчерашната одлука на градоначалникот и советот на град Охрид со која се забранува одржување на митинзи на градскиот плоштад. На денешната прес конференција, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов на своите опоненти од СДСМ им порача: „Ако не може да се одржуваат митинзи на плоштадот зошто никој не им оди, нека ги закажат во малата сала во Домот на култура, неа сигурно ќе успеат да ја наполнат.“

„Вчера СДСМ и нивните сателити од Народна го злоупотребија советот на Охрид и донесоа срамна одлука со која забрануваат одржување на митинг на ВМРО-ДПМНЕ закажан за 16 Мај во 19 часот на градскиот плоштад и на други партии што треба да одржат митинзи на плоштадот. Замислете требало митинзите да се одржуваат на полигонот. Дали се работи за уште еден од многуте коруптивни елементи на најкорумпираниот градоначалник за стекнување на лична корист.“- рече Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов

И покрај одлуката на градоначалникот и советот на општина Охрид, Михаилов најави дека закажаниот митинг сепак ќе се одржи и додаде дека од неговата партија очекуваат присуство на околу 30 000 жители од Охрид и околината.

„ВМРО-ДПМНЕ има легално одобрение за одржување на митинг на плоштадот во Охрид на кое што е потпишан градоначалникот Александар Петрески лично и тоа одобрение е во сила. Ние ги имаме сите подготовки за тој митинг и ќе се одржи на плоштадот во Охрид. Ако мисли некој дека може да го спречи народот да излезе на плоштад, нека дојде да го спречи.“-додаде Михаилов

Михаилов додаде дека тие одлуката на советот и градоначалникот на Охрид со која се забрани одржување митинзи на градскиот плоштад не ја сметаат за валидна бидејќи нивниот митинг бил закажан пред донесувањето на оваа одлука. Останува да видиме дали градоначалникот ќе го стави својот потпис на вчерашната одлука.

{loadposition content9}