Skip to main content

Недипломатски изјави

Лиење крокодилски солзи и поставување во позиција на жртва во односите со државните институции, пред Евроамбасадорот Петер Соренсен.

 |  Крсте Голабовски  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски

Sorensen, Merko i PetreskiЛиење крокодилски солзи и поставување во позиција на жртва во односите со државните институции, пред Евроамбасадорот Петер Соренсен.

„Изјави кои се во целост недипломатски, а кои во никој случај не одат во корист на Охрид“, обвинува координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски.  Тој вели дека при неодамнешната посета на евроамбасадорот Соренсен на Охрид, охридскиот градоначалник Александар Петрески, тенденциозно се претставил како жртва во односите со државните институции.

„Проблемите излегоа со изјавите кои ги дадоа градоначалниците на Охрид и Струга, кои, во наводници го искористија моментот, пред еден странски дипломат да настапат единствено со жалби и поплаки“ вели Паноски.

Што се однесува до самиот состанок, Паноски ги демантира гласините дека не сите политички субјекти од регионов, биле уредно поканети на средбата. Но, неприфатливо е средбите со високите претставници на ЕУ да се користат за неосновани жалби и поплаки од страна претставниците на локалната самоуправа, вели координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Недостоинствено е да се паѓа на коленици во желба да се претставите себеси како некаква жртва, додава тој.

„Сметам дека дипломатијата и водењето на еден град, подразбира да имате капацитет да ги седнете сите заинтересирани страни на една маса, и од локално и од централно ниво и да го решите проблемот“ потенцира Паноски.

Инаку на средбата со евроамбасадорот, Паноски истакнал дека итно е потребно одржување на  состанок за подобрување на комуникацијата помеѓу локалната и централната власт, а се тоа во интерес пред се на Охрид, како и сеопфатен форум за конечно да се заземе став во кој правец ќе се развива градот.

{loadposition content9}