Skip to main content

Четворката за Охрид, деветката за Струга

На денешниот конгрес на СДСМ во Скопје, утврдени се носителите на листи и кандидатите за пратеници од редовите на оваа партија.

 |   | 
На денешниот конгрес на СДСМ во Скопје, утврдени се носителите на листи и кандидатите за пратеници од редовите на оваа партија. Во нашата изборна единица бр.5, носител е Јани Макрадули, а Митре Велјановски, членот на Извршниот одбор на партијата од Охрид, е на високот 4. место. Стружани ќе ги претставува Александра Несторовска, на која и е доделено 9. место на листата.
Пред Велјановски се најдоја претседателот на ПЕИ Фијат Цановски, кој е позициониран на местото бр.2, додека на третото место е досегашната пратеничка од Битола Весна Бендевска.