Skip to main content

Општинската СДСМ ја поддржува пратеничката листа

Социјалдемократите од Охрид добија само едно кандидатско пратеничко место.

 |  Валентина Нелоска  | 
SDSM Ohrid
СДСМ Охрид

Социјалдемократите од Охрид добија само едно кандидатско пратеничко место. Од четирите предлози на кандидати од општинската органзиација на СДСМ меѓу кои се споменуваа имињата на Науме Јованоски, Бранко Трпчески и Тони Чингоски, избран е Митре Вељаноски.

SDSM Ohrid Вељаноски е  актуелен раководител на секторот за образование и култура при општина Охрид и член на извршниот одбор на СДСМ, и се најде на 4 –тата позиција на кандидатската листа за пратеници од изборната единица 5. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Науме Јованоски за ТВМ даде краток коментар дека ја поддржуваат пратеничката листа и максимално стојат зад истата. Носител на пратеничката  листа за 5-та е Јани Макрадули, а третатта позиција и припадна на  досегашната преатеничка од Битола, Весна Бенедска. Втората позиција му припадна на струшкиот бизнисмен Фијат Цаноски од ПЕИ.

На листата за пратеници има уште едeн кандидат од Охрид, од  редовите на НСДП. Станува збор за  Верица Хајба член на Советот на општина Охрид на  која и припадна 13-та позиција на листата.

Оваа одлука е донесена на 12-от Конгрес на партијата, што се одржа вчера во Скопје.

{loadposition content9}