Skip to main content

Слобода на медиуми, а што беше тоа?

Фридом хаус ја смести Македонија на 96то место според слободата на медиумите. На оваа позиција го дочекавме Светскиот ден на слобода на медиумите. Додека на национално ниво состојбите се такви какви што ги знаеме, слободното известување на локално ниво, ослободено од било какви притисоци.

 |  Мишел Наумовски  | 
novinari
новинари

novinariДали во земјава воопшто може да се говори за слобода на медиумите или оваа реченица ќе остане само идеал кој е тешко достижен? 95 нации се наоѓаат пред нашата според слободата во известувањето. Како да се подобри ваквата ситуација? Како да се стигне барем блиску до Норвешка, Финска и Шведска каде медиумите најслободно известуваат? Одговор на овие прашања можеби никогаш нема да добиеме. Состојбата во која го дочекавме Светскиот ден на слободата на медиумите е далеку од посакуваната. Генерално гледано, земјава се соочува со сериозни пречки во објективното и слободно известување, но на локално ниво, работите стојат поинаку.

„Во секој случај тоа е до уредувачката политика на медиумските куќи. Значи секоја ТВ станица или радио станица си има своја уредувачка политика, сега веќе пазарот е голем и новинарот доколку не најде слобода за пишување во еден медиум, има слобода во друг медиум кој му е поблизок спрема неговите видувања.“-рече сопственикот на Телевизија НТВ, Зоран Стефановски

Стефановски додаде дека лично тој и неговите новинари досега не се нашле во ситуација да им биде вршен притисок, нешто со што се соочуваат нивните колеги од поголемите национални медиуми.

„Апсолутно мерило е финансиската моќ на медиумот. Мислам дека плурализмот во медиумиве и начинот на информирање, поедини куќи можеби го имаат, не знам. Меѓутоа мислам дека воопшто во државава може да се процени дека оди во нагорна линија слободата на информирање.“-додава Стефановски

Очигледно постои контраст помеѓу слободата во известување на локално и на државно ниво. Како да се работи за две различни земји, а не за една. Сепак независни истражувачки агенции како Фридом Хаус јасно ја потенцираат состојбата во која се наоѓа македонското новинарство.

И покрај постоењето на Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинарите и Македонскиот институт за медиуми, степенот на слобода на известувањето е доста низок. Овие здруженија организираат трибини, состаноци, но и самите медиуми некако незаинтересирани за состаноците. Од ЗНМ крајно незадоволни од ваквата ноншалантност на медиумите. Знаејќи дека се ближат предвремените парламентарни избори, можеме само да замислуваме на какви се притисоци ќе бидат изложени македонските новинари.

 {loadposition content9}