Skip to main content

На листата за пратеници, тројца охриѓани кандидати на ВМРО-ДПМНЕ

Синоќа нешто пред полноќ, ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатската листа за пратеници до ДИК.

 |  Крсте Голабовски  | 
VMRO-DPMNE
ВМРО-ДПМНЕ

Синоќа нешто пред полноќ, ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатската листа за пратеници до ДИК.

VMRO-DPMNEНа неа се најдоја имињата на тројца кандидати на оваа партија од Охрид. На листата се најдоа пратениците од претходниот мандат и тоа Александар Николовски, на високото четврто место и Анита Кипаризовска-Крстевска на тринаесетото место. За некои изненадување, но за добрите познавачи на вантерепартиските случувања во охридската ВМРО-ДПМНЕ, очекуван потег беше на кандидатската листа, да се најде името на Д-р Хари Шокаровски.

На листата за пратеници струшкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ се претстави со двете пратенички од минатитот мандат. Високото трето место од листата е за Лиљана Затуроска, а четиеринаесеттото за Николовска Надица. Крсто Муковски од Вевчани се најде на единаесеттото место. Охридскити вмровци, веруваат дека ќе освојат девет пратенички места на овие парламентарни избори, додека стружаните поголеми оптимисти и се надеваат на повече од  десет.

Од извори блиски на партијата дознаваме дека станува збор за очекувана партиска одлука која била резултат на досегашниот ангажман и залагање на Шокаровски во охридскиот огранок на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека ваквата констелација на кандидати на листата не е случајна и претставува спој на искуство и нови свежи лица со кои сигурно ќе настапат на предверемените парламентарни избори.

На овие предвремени парламентарни избори од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ќе настапат со намален број на пратеници. Од редовите пак на СДСМ од Охрид, со само еден кандидат за пратеник. Се поставува прашањето, дали ваквата слика е само нова политичка стратегија на СДСМ и ДПМНЕ или едноставно претставува одраз на незадоволството на централите на двете најголеми партии, од сработеното на нивните ограноци во Охрид? Станува збор за политички одлуки кои доаѓаат и се кројат на највисоко ниво во централите на овие два најголеми политички блока.

 
{loadposition content9}