Skip to main content

Одбележан денот на полицијата

СВР Охрид, денот на полицијата или денот на безбедноста го одбележа со низа активности. На кејот Маршал Тито беа поставени четири информативни пунктови каде посетителите се информираа за активностите на велосипедската единица, граничната, езерската и сообраќајната полиција.

 |  Татјана Маленкова  | 
Den na policija
Ден на полиција

СВР Охрид, денот на полицијата или денот на безбедноста го одбележа со низа активности. На кејот Маршал Тито беа поставени четири информативни пунктови каде посетителите се информираа за активностите на велосипедската единица, граничната, езерската и сообраќајната полиција. „Подготвивме повеќе пунктови на кои што ги едуцираме за активностите и мерките што полицијата ги има како свои надлежности во работењето. Акцент ставивме на превентивното работење на полицијата бидејќи тоа е начин на работа кој го преферираме во делот на информирањето и намалувањето на општата стапка на криминалитет на подрачјето кое го покриваме“, истакнува портпаролот на СВР Стефан Димовски.

„Целта е на тој начин да го подигне степенот и безбедносната култура кај нив. Информираме и за превентивните капањи кои СВР Охрид ги спроведуваше изминатиов период со делење на едукативенен матријал. Во рамките на одбележувањето присутни се и припадници на граничната полиција, езеркста кои има свој пункт и каде се претставени дел од пловилата на езерската полиција и матријално техничките средства со кои располага граничната полиција“, истакна портпаролот на СВР, Стефан Димовски.

Den na policijaМеѓу посетителите на пунктовите ги затекнавме и учениците од Оу Григор Прличев предводени од својот професор Николче Стојковски, но и членовите на велосипедскиот клуб ЕКОДРОМ. Тие на импровизираната раскрсница ги покажаа своите знаења.

Одбележувањато на денот на полицијата СВР го спроведе на кејот заедно со Црвениот крст. Портпаролот потенцираше дека се одлучиле за заедничка прослава поради нивната долгогодишна успешна соработка.

Според Димовски следен поголемиот едукативен проект ќе биде наменет за матурантите, со цел и годинава највеселата ноќ за оние кои го завршуваа средното образование да измине без инциденти.

{loadposition content9}