Skip to main content

Охрид домаќин на 12-тата годишна конференција на македоската берза

Сегашноста и иднината на македонскиот пазар на капитал, можностите и активностите што треба да го преземат македонските институционални инвеститори за раздвижување на пазарот, како и новините во Законот за трговски друштва што се однесуваат на одржувањето и свикувањето на акционерските собранија се дел од темите на кои ќе расправаат сто и дваесетте финансиски експерти и берзански работници во рамките на 12 тата годишна конференција на македонската берза.

 |  Татјана Маленкова  | 
konferencija
конференција

Сегашноста и иднината на македонскиот пазар на капитал, можностите и активностите што треба да го преземат македонските институционални инвеститори за раздвижување на пазарот, како и новините во Законот за трговски друштва што се однесуваат на одржувањето и свикувањето на акционерските собранија се дел од темите на кои ќе расправаат сто и дваесетте финансиски експерти и берзански работници во рамките на 12 тата годишна конференција на македонската берза.

„Народната банка на Р Македонија веќе 16 години усешно ја одржува ценовната стабилност во македонскта економија преку таргетирање на стабилен девизен курс на денарот. Со текот на времето се изгради поширок консензус дека стабилен девизен курс добро и служи на македонската економија и таа треба да се задржи во иднина“, истакна во своето обраќање гувернерот на народната банка Димитар Богов.

Guverner na NB, Bogov„ Во април е последната инфлација. Последната стапка на годишно ниво е 4,8 %. Се намалува во однос на март кога беше 5,2 %. Инфлацијата е повисока од она ниво што сакаме да го имаме, а тоа е од 2 до 3%. Но ова е од времен карактер, поради цената на храната и нафтата на светските берзи. Инфлацијата нема да порасни бидејќи цените на берзите се стабилизитаат и не гледаме преносни ефекти“, истакна Богов..

Берзите генерално не се изолиран остров. Погодно и соодветно економско, политичко регулативно и општетствено опкружување е предуслов за развој на пазарите на капитал, истакна директорот на македонската берза Иван Штериев.

Директорот на македонската берза уште додаде дека за да се подобрат состојбите на берзата повеќе од потребно е да се пристапи кон повторно системско стимулирање и поддршка на пазарот на хартии од вредност во Македонија. Конкретно, како што нагласи Штериев, мора засилено да се промовира и стимулира издавањето и вложувањето во хартии од вредност, да се ревидираат и координираат определени решенија во Законите за хартии од вредност и за трговски друштва, да се постигне рамнотежа меѓу регулацијата, бизнисот и развојот, повторно да се разгледаат можностите за фискални и други стимулации за инвеститорите и компаниите, да се изедначи даночниот третман на вложувањето во сопственички и должнички финасиски инструменти, потоа да се искористат сите три столба на пенизискиот систем како најважен автономен фактор за развој на пазарот.

Во Охрид на12 тата годишна конференција на македоската берза присуствуваат претставници на сите финансиски институции и нивните регулаторни тела.

Традиционално и годинава во рамките на конференцијата ќе бидат доделени наградите за најтранспарентно котирано друштво „Кристално ѕвоно“ и за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност.

{loadposition content9}