Skip to main content

Да престанат притисоците врз администрацијата од Локалната, велат жените на ВМРО-ДПМНЕ

Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, со порака до СДСМ од Охрид и до нивниот кандидат за пратеник, Митре Вељаноски.

 |  Голабовски Крсте  | 

Веднаш да престанат со притисоците кои ги вршат врз администрацијата и службите на Локалната самоуправа. Од Унијата на жени највуваат организирање на краван оваа сабота, чие што одржување е во насока на јакнење на меѓуопштинската соработка помеѓу урбаната и руралната жена.

Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до О.О. на СДСМ и нивниот кандидат за пратеник Митре Вељаноски. Претседателнка на Унијата на жени од оваа партија од Охрид, Славица Јанкоска ја обвини О.О на СДСМ, за примена на сила и им порача веднаш да престанат со притисоците кои ги вршат врз администрацијата и службите на Локалната самоуправа.

„Десетици и десетици вработени во Општина Охрид реагираа до нас дека на најбезобзирен, неизживеан начин СДСМ, разно разни раководители во Општината и  посебно Митре Велјаноски вршат малтретирање врз вработените со цел да ги одведат на еден од нивните неизборни митинзи“, вели Јанкоска.

Претседателката Јанкоска, рече дека „СДСМ нема намера да излезе фер и демократски на овие избори и достоинствено да се соочи со уште еден голем пораз, па се е вклучено во нивни сценарија. Таа им порача на вработените во локалната самоуправа Охрид, и натаму слободно да ги пријавуваат сите форми на закани, притисок и мобинг што им ги прават раководителите од СДСМ. Раководителите во Општината пак, ги потсетуваме дека постојат законски форми за санкционирање на заканите врз вработените. Јанкоска додаде дека ќе ја следат состојбата и ќе застанат во заштита на правата и слободите на граѓаните кои се загрозени од налудничавото однесување на СДСМ и нивниот единствен кандидат за пратеник од Охрид.

„Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ има со што да се пофали и со што да излезе пред граѓаните од Охрид. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ зад себе има бројни активности и проекти кои ни даваат за право да водиме една позитивна, демократска и фер кампања. Нас не красат атрибути и човекови вредности како што се чесност, работливост, исполнителност и одговорност. Ние имаме аргументи со кои можеме да излеземе пред граѓаните и не мора да применуваме сила како што тоа го прави СДСМ“, посочи Јанкоска.

Од Унијата на жени највуваат организирање на краван оваа сабота, чие што одржување е во насока на јакнење на меѓуопштинската соработка помеѓу урбаната и руралната жена. Караванот ќе започне од пред хотел Милениум Палас во 10 часот, ќе се движи покрај Кејот на Охридското Езеро, Охридската Чаршија, Самоилова Тврдина, Плаошник, црквите Св. Јован Канео и Св. Софија за да заврши со посета на Музејот на вода. Иницијатор за организирање на овој караван е Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Г-ѓа Даниела Караѓозоска.


{loadposition content9}