Skip to main content

„За посреќно детство“

Ревијален ракометен натпревар и крводарителска акција.

 |  Татјана Маленкова  | 

Црвениот крст од Охрид по четврти пат годинава ќе ја спроведе кампањата за реализација на спортско рекреативната хуманитарна акција – „За посреќно детство“. Целта на акцијата е преку учество на различни спортски дисциплини од страна на младите, но и сите останати, да го побудат спортскиот и хуманитарен дух, преку купување на талончиња. Сите кои купиле талонче за само 30 денари, учествуваат во големата нагрдна игра, со преку 100 награди, кои ќе се доделат во втората половина на месец јуни.

Акцијата ќе се реализира на 28 мај во 11 часот на потегот од центарот за култура Григор прличев па се до хотелот Ројал. Ние ја започнуваме кампањата за реализција на оваа акција а тоа го правиме со организорање на еден хуманитарен ревијален ракометен натпревар кој ќе се одржи утре петок на 13 мај со почетк во 20,00 часот во спортската сала Билнини извори на кој слите ќе ги одмерат ветераните женските ракометари од поранешните клубови кои функционираа во Охрид клубот Отекс, Лихнида во кој што овие ракометраки играа.

Оваа спортско рекреативна хуманитарна акција има и забавен дел, во кој ќе ги видиме Ѓоко Танески и Денис Мурат. Кампањата „За посреќно детство“ се организира со помош на ЈП „Билјанини Извори“ и спортската обложувалница „Премиер“. Покрај акцијата „За посреќно детство“, на почетокот на месец мај, Црвениот крст ја спроведува и големата крводарителска акција, која со помош на спортската обложувалница „Премиер“  ја организираат на платото помеѓу обложавалницата и ТЦ „Амам“.

Оваа акција ќе се одвива во сабота на 14 мај со почеток во 10.00 часот а ќе трае се додека има заинтересирани крводарители. Специфично е што ќе има забава на оваа крводарителска акција ќе учествуваа ламбе Алабакоски и Елена Ристеска и секако она што е како изнанадување од премиер за среќните крводарители кои ќе бидат извлечени во награданата игра на оваа акција ќе бидат доделени награди телевизор Дивидија и други вредни награди.

Сите крводарители  кои ќе даруваат крв во сабота, ќе добијат талонче и  со тоа ќе учествуваат во наградната игра, за која традиционално наградите ги обезбедуваат обложувалниците „Премиер“.


{loadposition content9}