Skip to main content

Не стивнуваат тепачките пред и во угостителските објекти

„Нарушување на јавниот ред и мир и грубо насилство“, вака СВР-Охрид го оквалификува вчерашниот инцидент во пицеријата „Американо“.

 |   | 

Инцидентот кој се случи вчера попладне околу 14 часот и 45 минути пред пицеријата Американо и натаму ја бранува охридската јавност. Со овој инцидент продолжува негативната серија на настани кои се случија овој месец. Од СВР-Охрид известуваат дека до тепачката дошло кога кон А.В. кој бил пред пицеријата „Американо“ се упатиле  Ц.М.(33) М.Т.(25) З.Т.(28) Н.М.(25) од Охрид и уште две засега непознати лица. Со цел да го избегне нападот од нив, А.В. се сокрил внатре во пицеријата и ја заклучил влезната врата. Од страна на Ц.М. и М.Т. бил скршен прозорецот од вратата по што во пицеријата влегле сите и почнале со раце, нозе и погодни предмети  да го удираат  А.В. кој се здобил со повеке повреди во главата и телото.


„Веднаш после нарушувањето лицата кои го извршиле нападот заминале го напуштиле објектот, угостителскиот објект а по преземените мерки од страна на свр ох приведени, лишени од слобода се две лица, со нив и во текот на денешниот ден се водат разговори додека најмалку три лица се наоѓаат во бегство. Претпоставуваме односно нашите сознанија говорат дека овие три лица се најдиректните учесници во нарушувањето и во тек се мерки кои што СВР ги презема за да се најдат истите.-рече Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски

Портпаролот Димоски додаде дека учесниците во вчерашниот инцидент и се познати на полицијата бидејќи и претходно биле гонети од органите на СВР. Против овие лица во минатото се поднесени повеќе кривични пријави, а дел од нив имале правосилна одлука за казна затвор.

Охрид полека влегува во новата летна туристичка сезона, а ваквите инциденти не стивнуваат. И покрај напорите на СВР-Охрид, инциденти сепак има. На вчерашниот инцидент во кој со потешки телесни повреди се здоби А.В сведоци беа и група холандски туристи кои за жал нема да го паметат нашиот град по добро. Единствено се надеваме дека ваквите инциденти ќе се намалуваат ако не и целосно изчезнат.

{loadposition content9}