Skip to main content

Без излез

Стојан Лекоски неколку месеци бара излез од проблемите кои како што вели се предизвикани од соседната зграда.

 |  Валентина Нелоска  | 

Стојан Лекоски неколку месеци бара излез од проблемите кои како што вели се предизвикани од соседната зграда. Нивото на патот кој поминува покрај неговиот стан е подигнато, па водата се слева и прави влага во неговиот стан кој е на приземје. Истото се случува и со  шахтите од канализацијата, од  кој како што вели Лекоски, се шири реа.

Помош во решавањето на проблемот глувонемиот  Лекоски побарал од Здружението на глувонеми лица и лица со оштетен слух во кое е член  60 години.  .
Секретарот на здружението за глуви и наглуви, Стефаноска појаснува дека пристапниот пат е затворен. Со ваквата ситуација се отежнува движењето и на лицата со посебни потреби чии станови се во непосредна близина на објектото. Оневозможен е влез и на противпожарните возила, брза помош или камион со дрва,  нагласува Стефаноска. Таа апелира до надлежните служби „ да се врати првобитниот пат, за кој не би требало да се спори  бидејќи пат  тука одсекогаш постоел. Бараме од името на Лекоски, но и од името на Здружението, институциите да преземат нешто во заштита на правата на лицата со попреченост и да се врати пристапниот пат“.
Лекоски  за овој проблем пред 8 месеци се обратил до инспекциските служби. Градежниот инспектор во септември донел решение да се сруши ѕидчето кое го подигнал инвеститорот од соседната зграда. Но, Лекоски вели, по решението сеуште не е постапено. Од контактот со општинскиот инспекторат за овој проблем одговорија кратко-наскоро ќе постапат  според урбанистичкиот план.


{loadposition content9}