Skip to main content

Агенцијата за електронски комуникации на меѓународна конференција во Охрид

Агенцијата за електронски комуникации го одржа својот прв јавен состанок како дел од тридневната меѓународна регулаторна конференција. На неа, покрај Агенцијата за електронски комуникации, учествуваат и регулаторни тела од соседните држави, како и претставници од операторите кои работат активно на територијата на Република Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
aek konferencija
aeк конференција

aek konferencijaАгенцијата за електронски комуникации го одржа својот прв јавен состанок, согласно одредбите на Законот за електронски комуникации, но зеде и активна улога во организирањето на Меѓународната регулаторна конференција. Оваа тридневна конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски. На неа, беа присутни и претставници од регулаторните тела од повеќе соседни држави, меѓу кои од: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово, Албанија, и Турција. Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека во иднина тие планираат оваа конференција да се прошири со гости од цела Југоисточна и Западна Европа.

„Првиот ден е нашиот јавен состанок кој што два пати годишно согласно законските обврски го одржуваме, на кој што презентираме што АЕК има сработено во изминатиот 6 месечен период. Вториот ден го посветивме на индустријата, тука имаме еминентни претставници од индустријата, тој ден ни е во соработка со Македонската стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и заедно ќе имаме еден настан на кој што индустријата ќе ги покаже своите аспекти и своите видувања и на регулативата, и на развојот на индустријата и третиот ден го посветуваме на интернационалните меѓународни регулаторни тела.“-вели Марјан Пејовски-Советник за анализа на пазарот и односи со јавноста во АЕК

aek konferencijaНа конференцијата беа прикажани и 11 презентации од областа на електронските комуникации, како дел од денешните активности. Сепак Пејовски додаде дека оваа конференција не се состои само од презентирање на достигнувањата на Агенцијата за електронски комуникации, туку и прифаќање на меѓународните искуства.

„Целокупниот настан е насочен кон таа цел, меѓутоа особено третиот дел од настанот каде што имаме тркалезна маса со останатите регулаторни тела, меѓутоа присутни се и операторите што работат активно на територијата на Република Македонија и на тој ден би сакале да размениме мислења и идеи, заклучоци да произлезат и предлози кои во иднина би ги имплементирале, а би помогнале во насока на развојот на пазарот на електронски комуникации во Република Македонија и пошироко.“-додаде Пејовски

Состојбата на пазарот на електронски комуникации во Република Македонија, Преносливост на бројот, Атлас на телекомуникациска инфраструктура, како и Заштита на правата на корисниците на пазарот на електронски комуникации, се само дел од темите на кои активно дискутираа присутните.

 

 
{loadposition content9}