Skip to main content

Се бараат нови докази?

На барање на адвокатите и на обвинетите и на оштетените за приложување на нови докази, рочиштето одложено за почетокот на следниот месец.

 |  Крсте Голабоски  | 
sudenje brod
судење брод

Наскоро епилог на случајот со пловидбената несреќа на бродот „Илинден“. Ова го најавуваат адвокатите на прво обвинетиот, кои денес пред судот во Охрид побараа дополнителни докази, за кои сметаат дека во голема мерка ќе го одредат понатамошниот тек на одбраната на Филески.

sudenje brodАдвокатот на првообвинетиот, Димитрија Цобоски изјави дека е потребно да се достават дополнителни докази прибавени од Капетанијата Охрид како на пример, писмените докази за барање за направениот технички преглед врз бродовите меѓу кои е и бродот „Илинден“ за 2006 година.  Цобоски потенцира и дека не е спорен фактот дека РМ нема склучено договор во 2006 со  германски Лојд за вршење на таквите технички прегледи , па се поставува прашањето дали на првообвинетиот Филески му е доставен тој сертификат на кој се повикува второ обвинетиот Баиќ или не?

И адвокатите на оштетените со барање за изведување на нови докази. Така, еден од адвокатите на оштетените Мартин Петров, побара од судот, како доказ да биде изведен правилникот за работа на германски „Лојд“, документ од кој детално ќе може да се видат должностите и одговорностите на оваа компанија.

Професорите од Машинскиот факултет од Скопје Игор Ѓурков и Валентин Стојкоски, кои ја изработија експертизата од вештачењето, доставиле писмено барање до судот, за пролонгирање на рокот потребен за дополнително вештачење на системот за управување на бродот.

Со ова дополнително вештачење би требало да ја разјасни дилемата, дали за времето на настанувањето на несреќата, првообвинетиот ја намалил брзината или не, велат адвокатите на првообвинетиот. Тие велат дека до самата разврска на процесот не делат уште едно рочиште за изведување на писмените докази и едно рочиште за давање на завршните зборови. Следното рочиште за случајот со пловидбената несреќа на бродот „Илинден“е најавено за почетокот на месец јуни.

 {loadposition content9}