Skip to main content

Заеднички проекти на Црвен крст и Флоријан

Волонтери од операција ФЛОРИЈАН  од Англија на гости во ОО на Црвениот крст. Оваа повеќедневна посета беше во рамките на одбележувањето на светскиот црвен крст, поточно неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

 |  Татјана Маленкова  | 
Crven krst i Florijan sorabotka
Црвен крст и Флоријан соработка

Crven krst i Florijan sorabotkaВолонтери од операција ФЛОРИЈАН  од Англија на гости во ОО на Црвениот крст. Оваа повеќедневна посета беше во рамките на одбележувањето на светскиот црвен крст, поточно неделата на црвениот крст и црвената полумесечина. Во низата активности кои ОО на црвениот крст ги организираше во насока на промовирање на волонтерството и промоција на активностите на црвениот крст, се спроведоа и обуки за пружање на прва помош на повеќе целни групи.

„Во гости ни се три меѓународни инструктори по прва помош кои во текот на оваа недела обучуваат повеќе целни групи. Пред неколку денови имаше обуки за спортски клубови, спортски друштва, велосипедисти, алпинисти, планинари, чланови на единиците на црвен крст за спасување, пожарникарите од противпожарната единица оние кои не се обучени затоа што слична обука имавме и минатата година. А во месец јуни планираме една поголема активност од операција ФЛОРИЈАН каде ќе присуствуваат и инструктори за безбедност на вода и ќе имаме заеднички обуки за безбедност на вода и за обуки за прва помош“, истакна претседател на ОО на Црвен крст, Сашо Точко.

Точков додава дека во план е и проширување на активностите со операција  ФЛОРИЈАН во делот на пружање прва помош, за што се планирани повеќе сетови на техники за укажување на прва помош, кои ќе бидат наменети за повеќе целни групи како бебеситерки, воспитувачки во градинките и други.

Од заедничката соработка не се задоволни само домаќините, туку и гостите. Професионалниот тренер и медицинска сестра Роус Кинкс,  која е волонтер во опрација Флоријан, истакнува дека ќе продолжи проектот кој Црвениот крст и Флоријан го започнаа мината година и кога направија поголем проект за безбедност на вода, во кој беа вклучени единицата за спасување на црвениот крст Охрид и противпожарната единица од Охрид.

„Ги разменуваме сопствените знаења и искуства,  наши и од спасителите на вода. Земајќи ги во предвид досегашните работи и обуки можам да кажам дека тимовите навистина се подготвени. Но морам да признам дека и ние учиме од нив“, истакнува Кинкс.

Оваа недела е како претходник на главната недела која ќе следува од 18 јуни  кога преставници од ФЛОРИЈАН ќе дојдат пак и кога ќе го продолжат истиот проект – заедничка активност помеѓу спасителите на вода  и пожарникарите.

Она што сега го работиме е тридневна обука на алпинистите, (Спасителите на планина) на велосипедистите и спасителите на вода, и спасување на повредени. И уште еден краток курс на пожарникарите. Ова доаѓа како подготовка на активноста која доаѓа во јуни“, истакнува Кинкс.

Инаку, соработката со пријателската организација Флоријан трае подолг период. Волонтерите од оваа организација минатата година со парите кои ги собраа во Аглија, обезбедија два спасителни чамци за Црвен крст Охрид. Гостите ветуваат дека за скоро време ќе обезбедат и друга дополнителна опрема.

{loadposition content9}