Skip to main content

Претставена изборната програма на СДСМ

Охридскиот кандидат за пратеник од редовите на СДСМ, Митре Вељаноски, ја претстави изборната програма на оваа партија, за која најави дека после петти јуни, ќе биде програмата на новата влада на Република Македонија.

 |  Крсте Голабоски  | 
izborna programa
изборна програма

izborna programa„Овие 135 страници, претставуваат одговор на сегашните и идните предизвици и визии, за тоа, во која насока треба да се движи РМ“. Со овие зборови, кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ, Митре Вељаноски ја престави изборната програма, за која најави дека после петти јуни ќе биде програмата на новата влада на Република Македонија.

Вељаноски информира дека во наредните дваесет дена, преку медиумите и преку директни контакти, граѓаните ќе бидат запознаени со деталите за сите конкретни и остварливи проекти. Така, од поглавјето насловено „За праведна Македонија“, Вељаноски ги истакна проектите за бесплатно здравство за сите граѓани постари од 65, а помлади од 14 години, зголемувањето на сите видови социјална помош за 40%, со закон решавање на проблемот со стечајците и друго. Од поглавјето „За слободни граѓани“, Вељаноски ги посочи, драстичното намалување на казните, стоп за незаконското прислушување на граѓаните и трансформацијата на МРТВ во национална гродост. Од поглавјето „За поуспешен бизнис“, покрај зголемувањето на домашните инвестиции и воведувањето „Зелена“ нафта за земјоделците и продолжување со субвенциите за овие производители, Вељаноски ги истакна проектите кои директно се однесуваат на Охрид.

„Тука, што е особено важно за Охрид, Новата влада, преку проекти во сообраќајот, охрид автоаптски ќе го поврзе со Гостивар и Битола“, кажа Вељаноски.

Тој ги посочи и конкретните проекти кои новата влада ќе ги преземе, а се однесуваат на унапредување на квалитетот и безбедноста на водениот сообраќај. Што се однесува до остварливоста на проектите, за тоа колкава е финансиската конструкција и дали истата може да ја издржи реализацијата на вакви амбициозни проекти, Вељаноски со објаснување.

За крај на денешната прес конференција, кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ потенцира дека основните принципи по кои ќе се водат се „Домаќински со народните пари,  чесна и одговорна власт, соработка а не кавги и солидарност и шанса за секој“. Вељаноски нагласи дека и на овие Предвремени парламентарни избори СДСМ, ќе води позитивна кампања.

 {loadposition content9}