Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата порачаа сигурна победа на 5 јуни

Од Oхрид, синоќа започнаа митингот на Вмро Дпмне и Коалицијата за подобра Македонија.

 |  Нелоска Валентина  | 

Со Манифестот за реформи и развој, пред потенцијалните гласачи, претседателто на Вмро Дпмне, Никола Груевски со Коалицијата за подобра Македонија, ја бараа довербата  на граѓаните. Лидерот Груески истакна, 20 години по ред Вмро Дпмне својата изборна камапања ја започнува од Охрид. Од говорницата ги праша граѓаните: Дали сте за нови 1200 проекти во наредните 4 години? Дали сте за реформи и развој на Македонија? Дали сте за да имаме нови намалувања на даноците? Дали сте за да се намали ДДВ-то за туристичките услуги од 18 на 5 проценти? Дали сте за да се обезбедат уште поголеми субвенции за македонскиот земјоделец? Дали сте за да се зголемат пензиите за една третина и на платите во јавниот сектор за најмалку 22 проценти? Дали сте за да или сте за не? Јас сум за да, Вмро  Дпмне е за да , СДСМ е за не, рече Груевски. Исчитајте го добро Манифестот, размислете добро, споредете не со СДСМ,  и пресечете, направете одлука и размена со чиста совест, порача Груески.

Пред голем број присутни симпатизери и гласачи на Вмро Дпмне беа преставени сите 120 кандидати за пратеници од Коалицијата за подобра Македонија. Дел од нив истакнаа дека на престојните избори референдумски ќе ги поразат транзиционите политичари и ќе освојат 62 пратенички мандати.
Се обратија кандидатите за пратеници и лидери на коалиционите партии, од Дом Лилјана Попоска, од Социјалистичката партија Љубисав Иванов Ѕинго, Павле Трајнаов од Демократскиот сојуз, Кенан Хасипи од Демокртаската партија на Турците. Пред граѓаните се обрати носителот на изборната листа од од 5-тата изборна единица, Антонио Милошоски . „Ако нешто сме успеале да постигнеме во изминатиов период тоа е вложување во поголема почит и грижа за македонскиот човек. Вмро Дпмне е партија на народот. Коалицијата за победа на Македонија е коалиција која се бори за националните и државните интереси на оваа земја. И, затоа сме сигурни дека на 5 јуни не треба да биде прашање кој ќе победи, победата ќе биде на македонските граѓани, Вмро Дпмне и нашата Коалиција со која ќе имаме една голема победа, кажа пред присутните Милошоски.   

Градскиот плоштад и пристапните улици беа исполнети со голем број членови и симпатизери на Коалицијата за подобра Македонија од цела земја.
Според, евиденцијата на станицата за безбедност на патниот сообраќај, за време на обезбедувањето на синоќешниот митинг во Охрид, биле прифатени  339 автобуси и 220 комбина и мини буси, или околу 25.000 симпатизери на Вмро Дпмне и Коалицијата за подобра Македонија.
На митингот му претходеше културна програма на која учествуваа  уметници од народната и забавната   музичка  естрада.