Skip to main content

Избори 2011

 

Ова се дел од активностите кои ги презентираа некои од партиите денес во Охрид.

 |   | 

ВМРО-ДПМНЕ ги презентираше проектите за развој на Охрид.

Овие проекти се дел од Манифестот за реформи и развој за кој од ДПМНЕ велат дека е носител на нивната кампања. Автопатско поврзување на Охрид со Гостивар во должина од 128 километри, железничка пруга Кичево-Струга и 126 нови куќи и станови за социјални случаи и самохрани мајки до 2013 година. Фокусот на реформите од ВМРО-ДПМНЕ велат е на инфраструктурната изградба.

Враќање на дигнитетот на образовните институции.

Тоа е мисијата која Либерално демократската партија ја постави како своја основна идеја за претстојните избори.

Од ЛДП велат дека тие нема да се фокусираат на она што било во минатото, туку она што во иднина треба да се преземе. Образовниот процес треба да понуди рафинирани образовни програми за сите субјекти, а посебно за учениците, велат тие.