Skip to main content

„Интеграцијата на Р.М. во ЕУ“ тема на пресс конференцијата на ЛДП

Тематска пресс во ОИШ на ЛДП, за интеграцијата на Р.М. во Е.У. „Либерално демократската партија го подржува влезот во Е.У. И тоа во рок од 40 месеци, односно нејзино членство на почетокот од четвртата година од наШиот мандат, поточно во Владата од која дел ќе биде и ЛДП“, истакна потпретседателка на ЛИДЕМ Охрид, Десанка Тасеска.

 |  Татјана Маленкова  | 
ldp press
ЛДП прес

Тематска пресс во ОИШ на ЛДП, за интеграцијата на Р.М. во Е.У. „Либерално демократската партија го подржува влезот во Е.У. И тоа во рок од 40 месеци, односно нејзино членство на почетокот од четвртата година од наШиот мандат, поточно во Владата од која дел ќе биде и ЛДП“, истакна потпретседателка на ЛИДЕМ Охрид, Десанка Тасеска.

Desanka taseska„ ЛДП се обврзува дека сите институции вклучени во интегративниот процесс Ќе се претворат во модел институции за идната целосна административна реформа во Р.М. Во сите овие институции ке бидат вклучени само оние личности кои на транспарентен начин и со тестирање на ригорозни тестови Ќе се изберат“, иостакна потпретседателка на ЛИДЕМ.

Владата од која дел Ќе биде и ЛДП, веќе во втората година на нејзиниот мандат, ќе направи, да бидеме дел од Е.У., а со тоа да не ја истакнува Р. Македонија, на столбот на страмот поради праШања поврзани со политичкиот диалог, почитување на независноста на судските институции и независните регулаторни тела, како и праШања поврзани со човековите и малцинските права, а целосно Ќе го имплементира  Рамковниот договор“, истакна Тасеска.

Таа додаде дека ЛДП, се обврзува дека владата од која дел ќе биде и ЛДП, ќе користи најмалку 95% од средствата кои што ќе и стојат на располагање на нашата држава. Исто така ќе се бара одговорност од секој политички и административен раководител на која било институција Што нема да успее да повлече најмалку 95% од средствата кој Што и стојат на располагање од европските предпристапни фондови, истакна потпретседателот на ЛИДЕМ.

„ Една од битните пречки е немањето на стратегија и едниствена позиција, а со тоа Шансите на наШата земја се онакви какви што се – незадоволни.

ЛДП се залагала и Ќе се залага за неодложно градење на консолидарна државна позиција преку процесс на хармонизација на позициите на релевантните политички чинители во земјата“, истакна Тасеска.

Ставот на ЛДП е дека, мора да се покаже лидерство на носителите на најважните државни функции, претседателот на државата и премиерот. Што се однесува до прашањата поврзани со нашите клучни интереси, државни и национални, од ЛДП велат дека ќе се бранат исклучиво во рамките на ООН, како најповолен можен контекст, бидејЌи таму двете страни се и целосно рамноправни. Тие додаваат дека ако се постигне евентуално решение – во него, праШањата поврзани за Македонскиот етнички идентитет И македонскиот јазик, на ниту еден начин нема да бидат третирани.

Нема да биде тертиран нити Уставот на Р.М., значи нема да има негови повторни измени во контекст на ова праШање.

ЛДП се залага реШението кое Што евентуално Ќе се постигне во процесот во ООН, да се даде на референдумска потврда на граѓаните, и дека со така потврдено реШение Ќе се гарантира негова одржливост“, беше итакнато на денешната пресс конференција во ОИШ на ЛДП.

{loadposition content9}