Skip to main content

„БУМ“ инвестиција во Охрид

На денот кога се одбележува денот на сесловенските просветители во Охрид ќе биде обелоденета инвестиција која ќе отвори 1500 нови работни места.

 |   | 

Споменикот на Св. Кирил и Методиј, гордоста на Охриѓани, во 1989 година беше дониран од познатиот македонски бизнисмен Ристо Гуштеров, кој, како што дознава ТВМ, уште еднаш ќе го покаже својот патриотизам на дело. Имено, како резултат на негова лична заложба, утре, во посета на Охрид и Македонија пристигнува висока бизнис делегација на американска корпорација, познат светски бренд во автомобилската индустрија. Покрај „Џонсон контрол“ и „Џонсон мети“, за чиешто доаѓање во Македонија исто така е заслужен лично Гуштеров, на утрешното обраќање пред новинарите се очекува официјализирање и на оваа инвестиција. Посебно значајно за Охриѓани е што нашиот град е влезен во потесниот избор, а можеби е и најизвесниот град во кој оваа корпорација ќе инвестира. Тоа значи отварање на нови 1500 работни места, од кои 80% се предвидени за женскиот пол. Ристо Гуштеров е еден од ретките бизнисмени кои директно придонесле за економскиот пораст во земјата и најболната точка на македонското општество, намалување на невработеноста.