Skip to main content

Како да се стокми „Охридско лето“ во пет до 12?!

Благоја Петкоски, маркетинг менаџер во Македонската опера и балет, со амин на министерката за култура  ќе помага во организацијата и реализацијата на програмата на 51-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

 |   | 
Ohridsko leto
охридско лето

Благоја Петкоски, маркетинг менаџер во Македонската опера и балет, со амин на министерката за култура  ќе помага во организацијата и реализацијата на програмата на 51-то издание на фестивалот „Охридско лето“. После два неуспешни конкурси за избор на директор на фестивалот, во пет до дванаесет министерката заклучи дека на охриѓани им е потребна помош за да истуркаат уште едно издание на оваа реномирана културна манифестација.

Ohridsko leto50 години наназад „Охридско лето“ се движеше по нагорна патека во чекор со елитата на најголемите и најзначајни фестивали во светот. Половина век дел од европските и светските културни текови и 15 години членка на Асоцијацијата на елитните европски фестивали, манифестација која е гордост и духовна храна за секој македонец а посебно за љубителите на музичката, театарската и друг вид уметност. Таквото реноме само по себе значи и огромен предизвик, обврска , ако сакате и терет, секое ново издание да биде поквалитетно, пограндиозно, посветло.

Година 2011, издание 51-во. Што му се случува на нашето „Охридско лето“? Полека како да се суши папочната врвца меѓу чедото и градот-родилка. Градот репрезент на целокупната македонска културна и духовна историја, ете не родил и не одгледал човек што ќе ја продолжи традицијата.

Како што се одвиваат работите од фестивалот, како врска со градот, ќе ни остане само името.

Инаку, конкретно Благоја Петкоски помага во организацијата и реализацијата на фестивалот години наназад што е за поздравување. Неговиот квалитет и како професионалец и како менаџер е докажан, па  неговиот ангажман ќе биде добредојден.Но дали скопјани се тука годинава само на припомош или се тука за да останат. Дали само престојните избори се пречката поради која министерката во овој момент не може да го назначи Петкоски за прв човек на „Охридско лето“?

Дали гласините ќе станат вистина дека прв човек на овој фестивал ќе биде од Скопје?

{loadposition content9}