Skip to main content

(видео)Гласавме како Финци а славевме како Либијци

Вчерашните избори во Охрид поминаа во најдобар ред, мирно и без инциденти, за да утрово, околу 7 часот, жителите од стариот дел на градот, ги разбудат околу 50тина истрели од огнено оружје, велат тие.

 |   | 
Охрид
Охрид

OhridВчерашните избори во Охрид поминаа во најдобар ред, мирно и без инциденти, за да утрово, околу 7 часот, жителите од стариот дел на градот, ги разбудат околу 50тина истрели од огнено оружје, велат тие.  Жителите од овој дел на градот веднаш пријавиле во СВР Охрид. Тие, видно вознемирени се јавија и во нашата редакција и ни доставија снимка од настанот, која е снимена со мобилен телефон и посочија дека истрелите доаѓале од комплексот Летница.

На снимката се гледа дека екипи на СВР Охрид, излегле на местото на настанот, меѓутоа, непримерниот граѓанин, очигледно не бил приведен, по што, тој, по заминувањето на полициските екипи испукал уште неколку куршуми, некаде пред 8 часот. Целата канонада, со кратки паузи траела скоро 1 час.

Stefan DimovskiВо врска со овој инцидент портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски не информира дека, по пријавувањето, полициски екипи излегле на местото на настанот, што се гледа и од снимката, при што извршиле преглед на поширокото подрачје на плоштадот, од каде е посочено дека наводно имало пукање. На лице место, не се пронајдени чаури или други траги од употреба на огнено оружје, вели портпаролот Димовски. Напротив, на лице место пронајдени се делови од пиротехнички производи кои се подигнати од местото на настанот и врз основа на кои утврдено е дека се работи за употреба на пиротехнички средства. По извршената анализа, констатирано е дека се работи за пиротехнички материјали од трета класа, кои се наменети за широка потрошувачка на лица над 18 години и кои се продаваат во текот на целата година во продавници кои претходно имаат добиено дозвола за продажба, вели Димовски.

Бидејќи, на местото на настанот не биле забележани лица со кои овој случај би можеле да го поврзат, СВР Охрид нема против кого да поднесат прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир. А, по заминувањето на полицијата, лицето или лицата кои тие не можеле да ги поврзат со случајот, испукале уште неколку куршуми.

Останува прашањето, до кога нашата полиција ќе глуми Англиска кралица во вакви и слични случаи, во кои ќе се однесува ноншалантно и нема да презема конкретни мерки. Дали неефикасноста на полицијата при честите нарушувања на јавниот ред и мир во Охрид во изминатите години, им дава за право на одредени лица да ги вознемируваат охриѓани кога сакаат и како сакаат. До кога нема да се знаат лицата одговорни за инцидентите, до кога нема да се поднесуваат прекршочни или кривични пријави против оние кои го кршат законот?

И покрај, изјавата на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски,  граѓаните очевидци на овој инцидент не се многу убедени дека станува збор за пиротехнички средства. Можеби СВР Охрид утрово ги собрала остатоците од пиротехниката која се користеше синоќа на плоштадот при славењето на симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ.

Проценете сами.

{hwdvideoshare}id=1383|width=300|height=225{/hwdvideoshare}

{loadposition content9}