Skip to main content

„Илинден“ во завршна фаза

Судскиот процес, за најголемата  пловна несреќа во Македонија, влегува во својата завршна фаза.

 |  Крсте Голабоски  | 
sudenje brod
судење брод

Судскиот процес, за најголемата  пловна несреќа во Македонија, влегува во својата завршна фаза.

Породолжение на доказната постапка, за пловната несреќа на бродот „Илинден“. Денес во Основниот суд во Охрид, се одржа главниот претрес за оваа несреќа, каде пред судот, на увид беа дадени писмените докази побарани од Охридската капетанија, како и надополнувањето на експертизата за пловната несреќа, извршена од страна на вештите лица на Машинскиот факултет од Скопје.

На претходното рочиште, адвокатите на првообвинетиот, побараа да бидат доставени од Охридската капетанија, докази за тоа дека на Сотир Филевски, му бил доставен Привремениот сертификат за извршен технички преглед на бродот „Илинден“, но и овој пат во судот стигна само известување од Капетанијата. Револтирани адвокатите на Филевски уште еднаш побараа од судијата Милка Танеска, да побара од Капетанијата, да биде доставен било каков доказ за извршена достава на овој акт. Посочија дека со ваков игнорантен однос, евидентно е дека оваа институција бега од одговорноста.

Sotir FilevskiПрвообвинетиот Сотир Филески бил само усно опоменат дека не смее да превезува патници на палубата, кажа во судницата неговиот адвокат Димитрија Цобоски.

Адвокатот на второбвинетиот  Бранко Баиќ пак со објаснување дека  обвинетиот Филески го имал сертификатот, а доказ било тоа што бродот пловел во 2006 година и тоа во многу наврати.

Изостана и одговорот од Министерството за транспорт и врски на РМ, за тоа врз основа на кој акт германски „Лојд“, односно во тоа време неговото овластено лице Бранко Бајиќ, биле овластени да вршат технички преглед на пловила во нашата земја.

Дури денес, и тоа во електорнска форма, пристигна дополнително вештачење на системот за управување на бродот, вештачење кое требаше да ја разјасни дилемата, дали за времето на настанувањето на несреќата, првообвинетиот ја намалил брзината или не. Сепак и адвокатите на оштетените и на обвинтетите, побараа за дополнувањето на вештачењето да биде решено на следниот претрес.

На барање на адвокатот на оштетените Мартин Петров, денес како доказ беа изведени преведени делови од  правилникот за работа на германски „Лојд“, документ од кој детално ќе може да се видат должностите и одговорностите на оваа компанија. Петров кажа дека преку овој доказ, лесно ќе може да се утврдат сите законски процедури врз кои второбвинетиот Бранко Баиќ имал овластување да ги застапува како правни лица. Петров додаде судот сега  лесно ќе може да ги согледаат пропустите, кои конкретно според адвокатот на оштетените најмногу се однесуваат на должноста на воторообвинетиот да ги известува за правилата оние кои побарале услуга за извршен технички преглед.

Иако сеуште има од доказите кои треба да се разгледуваат, судијаката Танеска, најверојатно последното рочиште го закажа за седумнаесетти овој месец. Инаку во пловната несреќа на бродот „Илинден“ кој потона на 5 септември 2009 година, на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро, во близина на авто кампот „Елешец“,животот го загубија петнаесет туристи од Република Бугарија.

 {loadposition content9}