Skip to main content

Да се градело без исаф

Хотелски објекти без соодветни паркинг простори, станбени објекти без соодветни пристапни патишта и земјиште наменето за паркирање.

 |  Крсте Голабоски  | 
parking
паркинг

parkingВо Охрид изгледа е важно само да се гради. Последниве десет години, инвеститорите и градежните фирми на големо, на локации низ градов, градат објекти без соодветен пристап или без истите да располагаат со градежно земјиште намемнето за паркирање. Проблем на кој неодамна укажа и командирот на противпожарната териотријална единица од Охрид, Спасе Прентоски. Проблем, потенцира Прентоски, кој во голема мерка им ја отежнува работата, кога секунди одлучуваат во нејзиното успешно извршување.

Инаку, Прентоски додаде дека според нормативите кои иако застарени, сеуште се на сила, ако се гради станбен објект или зграда,  40% од нејзината висина треба да биде и растојанието помеѓу другата соседна зграда, па така, доколку растојанието меѓу двете згради е 30 метри, минимум 20 метри треба да биде растојанието помеѓу зградите, потенцира командирот. Што се однесува пак до градежно земјиште со кое секој станбен објект или хотел треба да располага, тоа е веќе друга приказна.

И покрај сторгите нормативи и тврдењата на првите луѓе на урбанизам, кај голем број од зградите во нашиов град не само што просторот наменет за паркирање претрпел пренамена, истите воопшто не ни располагаат со земјиште наменето за паркирање. Другите објекти пак, како на пример угостителските, иако располагаат со паркинг простори, истите ни оддалеку не ги задоволуваат потребните стандарди.

Според општите одредби од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, со урбанистички план не може да се намалува или пренаменува површината од градежно земјиште наменето за паркирање, освен ако со истиот план не се намалат површините на градбите кои создаваат потреби за паркинг места или ако не се обезбеди неопходниот број паркинг места во рамки на истата единица градежно земјиште (градежна парцела, блок, четврт) за која е наменето паркиралиштето. Ова е ставот и на првиот човек на Секторот за урбанизам при Општина Охрид, Бранко Арнаудов.

Но, на терен навистина мал е бројот на станбените објекти или пак хотелско-угостителски објекти кои се придржуваат до нормативите од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, објекти кои располагаат со соодветни паркинг простори. Само за информација, површината за паркирање со пристап на едно патничко моторно возило со 4+1 седишта изнесува 25 – 35 м2, односно, најмало паркинг место за паркирање на патничко моторно возило со 4+1 седишта е со широчина од 2,50 м и должина 5 м.

Минималниот број на паркинг места за планираните намени на земјиштето, градбите и нивната големина, кој се определува како услов за градење при издавање на решението за локациски услови за станбени куќи и згради кои се лоцирани во централното градско подрачје изнесува 1 паркинг место по стан.

Кај Хотелските комплекси пак, едно паркинг место треба да биде обезбедено на 6 легла, 1 паркинг место на 3 вработени и 1 паркинг место на 10 м2, површина наменета за нерезидентни гости. Сведоци сте почитувани дека далеку е нашата урбанистичка реалност од овие пропозиции, без разлика во што сакаат надлежните да не убедат.

 {loadposition content9}