Skip to main content

Охриѓани не го поминаа тестот за екологија

Секторот за урбанизам и заштита на животна средина согласно своите активности годинава за прв пат спроведе помасовна акција за собирање на стара хартија. Целта е прво да се подигне свеста кај населението, а се започна од учениците во основните и средните училишта.

 |  Татјана Маленкова  | 
stara hartija
стара хартија

Секторот за урбанизам и заштита на животна средина согласно своите активности годинава за прв пат спроведе помасовна акција за собирање на стара хартија. Целта е прво да се подигне свеста кај населението, а се започна од учениците во основните и средните училишта.

„ Се знае дека населението, нивната свест се подига почнувајќи од најмладите генерации и токму поради тоа акцијата ја правиме со таа целна група. На овие  локации сите кои сакат да се ослободат од старата хартија може да ја одложат таму и истата ќе биде подигната од купувачот на овој тип на отпад.   Оваа акција се прави и со цел селекција на отпадот, за да не се измеша затоа што знеме дека 1 тон стара хартија е енаква со 17 дрвја компаративно вредноста е толку“, истакна Хавза Какељ, од одд. за  заштита на животна средина, локална самоуправа.

stara hartijaАкцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија , тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде беа поставени соодветни садови за одлагање на хартијата .  Какел додава дека оваа акција ќе се спровдува и во иднина, а ако има потреба истата ќе се организира и повеќе пати во текот на годината.

Акцијата за собирање на стара хартија ја организираше Општина Охрид преку Секторот за урбанизам и заштита на животната средина. Итстата се спроведе во училиштата основние и средните училишта во Охрид.
{loadposition content9}